• Latest

ЗНМ му се заблагодари на Стејт Департментот на САД за оценката за македонските медиуми!

March 8, 2017
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЗНМ му се заблагодари на Стејт Департментот на САД за оценката за македонските медиуми!

March 8, 2017 15:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се заблагодарува за објективниот годишен извештај на американскиот Стејт Департмент, за „слободата на говорот во Македонија, во кој се констатира дека слободите се загрозени поради постојаниот притисок на владата врз медиумите“.

Според ЗНМ, Вашингтон ги препознава изворите на кризата во македонските медиуми како што е појавата на неказнивост на насилството врз новинарите и злоупотребата на јавни пари од Владата за контрола на медиумите.

Во соопштението на ЗНМ, се вели дека во извештајот, „Американците зборуваат за зачестените инциденти – од физички напади до смртни закани против новинарите, во кои се вклучени и носители на јавни функции. Загрижува фактот што ниту еден од овие напади не е расветлен досега од институциите“.

Според репрезентативната новинарска асоцијација „посебно внимание во Извештајот се посветува на злоупотребата на јавните пари од Владата, со цел да се замолчат и инструментализираат медиумите. И покрај мораториумот на Владините кампањи во 2015 година, во Извештајот се наведува дека таа мерка не ги опфатила сите јавни и приватни институции поврзани со ВМРО-ДПМНЕ“.

ЗНМ смета Извештајот е потврда и за релевантноста на нивните ставови кои постојано ги застапуваат во јавноста, кои според асоцијацијата, се широко користени како аргументи во описот на состојбата во медиумите.

„За Македонската Радио Телевизија, се потенцира дека се злоупотребува за промоција на владејачката партија, како дел од координираната уредувачка политика, со уште три најгледани приватни телевизии“, се вели во соопштението на ЗНМ..

„Важно место во Извештајот има и системската хајка против новинари од власта, преку тужби за клевета и лустрација. Овој вид на притисок се илустрира со случајот со лустрирањето на главниот уредник на ‘Фокус’, Јадранка Костова и тужбата за клевета од ДУИ против главниот уредник на весникот ‘Лајм’, Исен Салиу“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Tags: ВашингтонвладаВМРО-ДПМНЕзаканиЗНМИсен СалиуЈадранка КостоваЛајмМРТВСтејт ДепартментотФокус
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ