• Latest

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Измените во Изборниот законик ги загрозуваат работата и слободата на медиумите

July 27, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Измените во Изборниот законик ги загрозуваат работата и слободата на медиумите

July 27, 2018 16:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата со оценка дека директно ја загрозуваат работата на медиумите во време на предизборна кампања и се во спротивност со претходните укажувања и ставови на еснафските здруженија.

Во заедничкото соопштение трите организации наведуваат дека овие измени се донесени на нетранспарентен начин, со партиски консензус и зад затворени врати.

– Ставот на ЗНМ, ССНМ и СЕММ што им беше познат на партиите е да се укине платеното политичкото рекламирање за време на изборни кампањи во приватните медиуми, а измените во Изборниот законик не само што го озаконуваат истото, туку и овозможуваат тоа да биде направено со јавни пари од граѓаните, се посочува во соопштението.

Уште поголем апсурд, наведуваат, е што измените и дополнувањата во Изборниот законик ѝ даваат овластување на Државната изборна комисија, на чија што, посочуваат, „ефикасност“ бевме сведоци во сите изборни циклуси, да ги регистрира онлајн медиумите што ќе известуваат за изборите како и да ја мониторира и оценува нивната работа.

– Потсетуваме дека нема европска пракса за следење на начинот на известување на онлајн медиумите и дека со овој пристап се нарушува концептот на медиумската саморегулација. Освен ова, измените предвидуваат казни за традиционалните и онлајн медиумите во висина од 4.000 евра, за неизбалансирано и непристрасно известување според член 181а од Изборниот законик. Прашуваме кои се тие стручни луѓе во ДИК и на каков начин ќе ја мерат неизбалансираноста и непристрасноста на известувањето на онлајн медиумите, нагласуваат  од ЗНМ, ССНМ и СЕММ.

Воедно, потсетуваат дека Агенцијата за медиуми од ваквата обврска се откажа токму поради немањето методологија, ниту европска пракса на некоја државна институција да се бави со (не)етичко известување. Последен обид на власта и опозицијата, се додава, да се занимаваат со професионалноста на медиумите за време на избори беше и ад-хок телото, кое се покажа како сосема неуспешно решение.

Како посебно проблематична измена на Изборниот законик ЗНМ, ССНМ и СЕММ го сметаат и членот 3 став 11, со кој на учесниците во изборниот процес им се наложува да достават медиа планови за политичко рекламирање кое потоа ќе биде платено од Буџетот на РМ на приватните медиуми. Сметаат дека ова претставува упад во независноста на уредувачката политика и програмските содржини на медиумите во време на предизборна кампања, бидејќи им се наметнува програмска шема од страна на политичките партии.

– Овие штетни измени во Изборниот законик не се во прилог на блокираните медиумски реформи и без дилема тие негативно ќе се одразат и во работата на медиумите и на севкупниот демократски амбиент во време на предизборна кампања, пососчуваат ЗНМ, ССНМ и СЕММ и најавуваат дека за овие недемократски законски мерки ќе ги известат и мисиите на странските претставништва кои се грижат за слободата на изразување и независноста на медиумите во Македонија.

Tags: загрозуваат работатаЗНМИзмените во Изборниот законикСЕММслободата на медиумитеССНМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ