• Latest
Фото: ИРЛ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ го става приватниот, пред јавниот интерес и интересот на граѓаните

October 25, 2023
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ го става приватниот, пред јавниот интерес и интересот на граѓаните

October 25, 2023 18:37
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Фото: ИРЛ

Фото: ИРЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во земјава.

– ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека пресудата претставува пораз, која го стави приватниот интерес на моќен бизнисмен пред јавниот интерес и интересот на граѓаните, а при нејзиното носење не е земено предвид начелото на повисок праг на толеранција на критика кој треба да постои кај јавните личности особено оние кои извршувале високи јавни функции, се вели во соопштението од трите организации.

На вчерашното судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје, судијата Јованка Спировска Панева пред присутните во судницата ја објави пресудата поврзана со тужбата за утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета од Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер во Владата на РСМ. Тужбата беше против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главниот и одговорен уредник Сашка Цветковска.

– Во судницата пред присутните, судијата Спировска Панева наместо детално образложение на пресудата, таа на крајно скандалозен, срамен и непрофесионален начин искажа квалификации дека ИРЛ било регистрирано како здружение на граѓани“, а тужената ја нарече „новинарката која што се претставувала како истражувачки новинар алудирајќи на Цветковска, со цел да ја дискфалификува новинарската работа на медиумот, се вели во соопштението.

Покрај ова, се вели во соопштението, судијата Спировска Панева истакна дека Здружението на новинарите на Македонија правело циркус со поднесувањето на претставката до Судскиот совет за утврдување на нејзина одговорност, притоа оставајќи впечаток пред присутните дека токму со оваа претставка, ЗНМ и укажало дека таа донела правилна одлука, иако истиот судија во првата пресуда со истите докази не најде елементи на клевета.

– Од друга страна, непријатно сме изненадени од Фероинвест кои во текот на вчерашниот ден преку комерцијални објави во медиумите се обиде да се пресметува со новинари, изнесувајќи лични навреди, како и повик за институционален линч на граѓански организации. Сметаме дека на овој начин се прават обиди да се влијае на понатамошните одлуки на судот. Затоа и со години укажуваме дека стратешките тужби имаат поинаков карактер, односно се користат како механизам да се обесхрабрат медиумите, да се обезвредни новинарскиот труд и да се исцрпат ресурсите на медиумот пред судовите. Токму овие елементи крунисани со пресуда во овој процес се олицетворение на SLAPP тужбите (стратешки тужби за спречување на јавно учество). Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари, економски моќници и носители на јавни функции, можат да предизвикаат цензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните. Целта не е да се добие правда туку да се малтретираат тужените со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика, се вели во соопштението од здруженијата.

За овој случај и Европската федерација на новинари (ЕФН) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) имаа реакција за транспарентноста, но и за самата пресуда. Новинарските здруженија остануваат да го мониторираат целиот процес до завршување на истиот. Затоа бараме од јавноста да остане воздржана, да не прибегнува кон коментари во насока на навреди и клевети, бидејќи на исходот му претстојат исцрпување на сите правни лекови.

Tags: ЗНМИРЛССНМ и СЕММ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ