„Живееме во длабоко поделено политичко општество кое е дефинирано на патриоти и предавници. „Предавниците“ се оние попрогресивните што сакаат да работат на овие теми, а патриотите се секогаш онаа хард-кор варијанта која што се бори за национални, етнички и други права и едноставно го опструира таквиот прогресивен начин на размислување на оние што се борат за поголемите вредности. Живееме под исто небо, на иста земја, еднакви сме сите од раѓање и така и ќе завршиме еден ден. Зошто би имало поделби воопшто во општеството, па дури и во светот?“, истакна Максим Димитриевски, градоначалникот на општина Куманово.
Интервју со Максим Димитриевски (12 јуни 2021): Живееме во длабоко поделено политичко општество, ако сакаме мултиетничко општество треба да ги споиме младите да живеат заедно
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.