• Latest

Зошто лажните патриоти не можат ништо да научат од „шарените“?

April 9, 2022
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Зошто лажните патриоти не можат ништо да научат од „шарените“?

На едната страна се тие што сакаат власт по секоја цена за да продолжат со ограбување и со садистичко, мафијашко владеење. На другата страна се оние што прават разлика и мислат со своја глава, гласно критикуваат и учествуваат во промените. Тоа е, накратко, разликата. И не може да се премости.

April 9, 2022 15:28
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

ВМРО-ДПМНЕ, поточно шефот на „патриотскиот институт“ на партијата, повика на протест пред прилепскиот затвор со кој ќе повикал на „слобода за уставобранителите“. Коментарите под повикот се чиста класика, но едниот ја покажува целата гротеска на овој повик и идејата што стои зад него. Овој повик и коментарите под него се само повод уште еднаш јавноста да се потсети на последиците од дејствувањето на „патриотите“ со години наназад.

Еве, прво за поводот.

 

„Патриотите не се терористи и бранењето на уставот на државата Република Македонија не е тероризам, за што беа осудени браќата за настаните од 27 Април. Затоа ве повикувам сите кои сакате нивната голгота час поскоро да заврши на 27 Април да се собереме пред затворот во Прилеп и гласно да извикаме: СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!!!“ – пишува вмровскиот „патриот број 1“, Александар Пандов.

Еден од коментарите под повикот на Фејсбук гласи:

„И што потоа? Дај пред влада нека се организира протест и поставување на шатори со целосна блокада до ослободување на браќата. Учете од шарените.“

 

Да, тоа вели: Учете од шарените. Зошто овој, до некаде наивен и искрен повик на коментаторот може да послужи како илустрација на долгогодишната пракса на радикалите?

Имено, цело време се обидуваат да учат од тоа што тие го подразбираат под „шарените“. Но тоа не се учи, туку се живее. Од првиот момент се обидуваат да ги копираат слоганите, но тие не се копираат, туку извираат од неволјата на граѓанките и граѓаните кои се бореа против режимот. Со години наназад крадат цели извештаи од авторите што со своето пишување ги обелоденуваат злосторничките политики и постапки на режимот и неговите (крупни и богати) остатоци. Со години наназад го крадат имиџот на прогресивните граѓански иницијативи, сакаат да изгледаат како нив, да звучат како нив, да бидат сфатени сериозно како нив. Безуспешно.

Едноставно, тоа не е можно. Зошто? Се работи за непомирливи разлики. Ете, затоа.

На едната страна стои повик за одбрана на злосторничкиот акт на насилство, обид за ликвидација на политички лидери, тогаш во опозиција, државен удар, укинување на демократските институции и предизвикување граѓанска војна. Тоа е Крвавиот четврток, 27 април 2017 година. Но тој напад на законодавниот дом беше само кулминација на една добро осмислена и добро финансирана операција на режимот.

Може да се каже дека таа операција започна во 2013 година, откако стана јасно дека граѓанството се разбуди по изборната кражба на локалните избори во 2013 година. Операцијата продолжи и изборите во декември, 2016 година и трае до денешен ден. „Тврдокорните“, „за заедничка Македонија“, „Тиранска платформа“, „Стоп операција Сорос“… Инспекции, судења, црни кампањи во медиумите, неразјаснети (а јасни) убиства,

На спротивната страна се наоѓаат многу различни ентитети, групи и поединци кои „другата страна“ ги нарекува „шарени“. Тие навистина се шарени, бидејќи такво е секое општество. Сите тие, заедно, организирани и неорганизирани групи и поединци создадоа река луѓе кои бараа, еднаквост, правда и слобода. Секој на различен начин, но сите во една насока, да се урне режимот кој ограбува, тепа и затвора.

На едната страна се лажни патриоти кои ги манипулираат своите следбеници во служба на центри на моќта што ништо добро не ѝ мислат на македонската држава. На спротивната страна се „шарените“, сите граѓанки и граѓани кои сакаат да живеат во општество во кое има еднаквост, правда и слобода. На едната страна се тие што сакаат власт по секоја цена за да продолжат со ограбување и со садистичко, мафијашко владеење. На другата страна се оние што прават разлика и мислат со своја глава, гласно критикуваат и учествуваат во промените.

Тоа е, накратко, разликата. И не може да се премости.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ