• Latest
Војо Маневски

Зошто нема да ја дочекувам новата година?

December 31, 2020

Вучиќ пред утрешните протести на студентите: Не го прифаќаме ултиматумот

June 27, 2025
Фото: Militarnyi

Кијив тврди: Русија употребиле хемиско оружје 888 пати само во мај оваа година

June 27, 2025
Фото: МИА

САД и Кина потврдија дека постигнале договор за крај на трговската војна

June 27, 2025

Руски агенти осомничени за подметнување пожари на воени камиони во Германија

June 27, 2025
Славјанка Петровска 

Фото: Цивил / Архива

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025

Гоцевски за Цивил: НАТО и ЕУ во лавиринт – Македонија меѓу интереси и сојузи

June 27, 2025

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

June 27, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада ќе биде акционер во одморалиштето на Кушнер во Сазан; Уставниот суд на Косово им даде рок од 30 дена на пратениците да го конституираат собранието

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Борејќи се за преживување, Хамас се соочува со бунтовни кланови и сомнежи во врска со Иран

June 27, 2025

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто нема да ја дочекувам новата година?

December 31, 2020 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Измина и оваа сосема потрошена, а и болна година. Секоја година во ова време, најчесто поставувано прашање ми беше: „Каде ќе ја чекаш новата година?“ И никако не собирав храброст да одговорам: „Нема да ја чекам!“

Сметав дека тоа е невоспитано, а и нелогично е. Чекал не чекал, таа ќе си дојде. Е, оваа ковидна година во пресрет на наследничката нејзина, решив да не ја дочекувам Новата Година. Не само што нема да ја дочекувам, туку и нема да ја чекам. Таа сама ќе си дошла, велат моите пријатели. Ако е така, друштво, зошто тогаш да ја чекам, кога и така сама ќе си дошла? Имам ли јас некакви права во дваесет и првиот век загарантирани со декларации – нешто да не сакам, а тоа да не е штетно за другите? Штом не е штетно за другите, можам да го користам како мое право, иако сé уште не е полноважно зошто татковината не го поминала поглавјето 23 од патот за Европа. Мала вежба на патот кон Европа се владините скрининзи за преговорите. Ќе вежбаме сé додека не нé повикаат на стартната позиција.

Е кога ја утврдив својата правна состојба за одлуката што ја донесов и од неа ги црпам правата да поставам неколку прашања .

Во каква врска е новата година со старата? Имаат ли споделена историја или им е заедничка? Ако им е заедничка, тогаш можноста да ни се продолжи короната е голема. Штом е нешто заедничко, тогаш им припаѓа и на двете страни и ете ти корона и во новата година. А сеќавањата за пандемијата од минатата ни се трауматични. Башка што и министерот со презиме како славниот владетел го потрошивме на пресови и избори. Добро, се опаметивме малку со маските, ама ако кумановецот со министерски овластувања не нé подбере деновиве, распослани по викендичките, сé е можно и во новата година.

Ако, пак, им е историјата споделена, тогаш оваа, старата година, нека си го задржи нејзиниот дел, а оваа новата нека не брза со распакување на нејзиниот. Прво да се пелцуваме, па после нека се распакува и нека владее до декември. Има разлика меѓу двете состојби и мое право е да знам.

Што повеќе сака математика или економија? Историјата не ни е решено во кој пакет ќе оди и затоа не прашувам. Ако е по математиката, ќе треба да ми даде одговор, математички точен. Како собираш сé во еден амбар, а во амбарот имаш помалку отколку на гумното. (гумно е простор каде се врши житото, така што коњите трчаат во круг околу стожерот и ги ситнат стебленцата пченица. На ветерот се развејуваат и се делат на слама и зрна).

Е ако на гумното има сто и педесет илјади зрна, а домаќинот сите ги собира и ги носи во амбарот, тогаш зошто во него се триесетина илјади? Или е цело или е петтина, двата одговори не одат како точни. Ако годината нова ми одговори со математичка прецизност, а одговорот да е потпрен на стабилни пилари, ќе почнам да се колебам околу дочекот и чекањето.

Ако е по економијата, барам да ми одговори. Како од 400 милиони за капитални инвестиции се потрошија едвај 200 и тоа се прикажува како успешна година? Во програмата вели дека ќе направи подигање на домашните компании со ангажирање на владини проекти, а помалку од половина од планираното е потрошено и направено. А таквите проекти ангажираат и до дваесет гранки од економијата на една земја. Половина, а цело, половина, а успешно. Како вели дека на граѓаните им помага со делење на пакети, а за пакетите се задолжува во странство? За да ги подели пакетите, се земале кредити, кои треба да се враќаат со години. Ако ги враќаат граѓаните, тоа повеќе личи на самопомош, отколку на владина помош. И овде можам да подотворам око, ако меѓу микроекономија и макроекономија ми се предложи мезо економија .

Како стои новата година со јазикот и со образованието? Има ли јасен кодифициран јазик, на кој ќе се разбереме јасно и гласно или и нејзиниот јазик е дијалект  од претходните години? Овде секако ќе имаме проблем зошто и покрај сите вложени сили не се разбравме ниту дома ниту со соседите. Дома не можеме да се согласиме околу ништо и се поделивме како прилог, подмет и сврзник во граматиката на нашиот јазик, заведен во обединетите нации. Со соседите и кога имаме сличен јазик не се разбираме потполно, иако не ни треба преведувач. Со оние соседи со кои немаме сличен јазик постојано сме во некаков превод и постојано сме изгубени во него. Што и да кажеме преведуваме различно. Има ли одговор новата година на ова прашање?

Какво ѝ е мислењето за образованието? Ќе учат ли децата преку компјутери и телефони или наутро ќе одат на училиште и при влегувањето на наставничката ќе стануваат и воспитано ќе ѝ посакаат „добро утро драга наставничке“. Не сум сигурен дека постои поздрав за компјутерот, но допуштам новата година да има таков одговор. Но овие прашања се за повеќе генерации нови години и не притискам за одговор токму од оваа што треба да ја пречекуваме.

Морам да ја испитам кандидатката за нова година што мисли за лажните вести. И за неа е значајно тоа. Како ќе биде ако некој од современите „писатели на јавни објави“ постира по асоцијалните мрежи, дека место април ќе дојде мај. Се разбира, ќе ѝ го поремети редот. А и нам нема да ни биде лесно, зашто токму во април треба да нé попишуваат и еднаш за секогаш да се докаже колку нé има, од сите видови и вери. И сега, ако место април, се објави лажна вест дека е мај ќе мораме со отисоци да се докажуваме дали сме токму ние, тие што се на списокот. Комплицирано ќе биде и затоа го барам одговорот за лажните вести. Само, тој одговор мора да биде математички точен, економски издржан, на јасен и признат јазик и со степен на образование што нема да биде фактографско, туку аналитично.

Е , ако ми одговори на овие прашања, се спремам во новото одело и врзувам машна, седнувам на трпезариска маса, сипувам црно тиквешко, пуштам прва програма на телевизорот и ја чекам новата година. Ако нема одговор, нема причина, вака збунет и неразјаснет, да го чекам ни следниот ден, а не НОВА ГОДИНА. Ако дојде, нека дојде, добредојде.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВакцинаекономијаинвестициијазикНова годинаобразование
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ