• Latest
Добро утро со Орданоски

Зошто никого не го интересираат украдените пари од Груевски?

April 13, 2022

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Зошто никого не го интересираат украдените пари од Груевски?

Никола Груевски и Сашо (алијас Алекс, Александар, Саша) Мијалков конечно се ставени на американската „црна листа“. Но, која е компанијата во сопственост на Груевски I.C.I.C. Kft, регистрирана во будимпештанското предградие Пецел (ул. „Бочкаи“ бр. 9), на дваесетина километри од центарот на унгарската престолнина?!

April 13, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Прво малку „заднински“ информации: според Извршната наредба (бр. 14033) на американскиот претседател Џо Бајден од 8 јуни 2021 година, којашто се надоврзува и ги проширува соодветните Извршни наредби на американскиот претседател Џорџ В. Буш од 2001 и 2003 година, а се однесува на поткопувањето на мировните активности на Западниот Балкан, како и за ширењето на институционалната корупција во регионот коишто претставуваат „невообичаенa и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Држави“, на 11 април годинава, Канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) при американското Министерство за финансии, во соработка со Стејт Департментот, означи седум лица и една компанија од Западниот Балкан кои се „закана за стабилноста на регионот преку корупција, криминални активности и друго дестабилизирачко однесување“.

За оние кои ќе се стават на SDN (Specially Designated National) листата на OFAC – попозната и како „црна листа“ – соработката со и патувањата во САД се завршени, имотот им е замрзнат секаде каде што допира американската јурисдикција, а меѓународната бизнис кариера можат слободно да ја „заврзат за опашката на мачката“ бидејќи, со оглед на американското економско и друго директно и индиректно влијание во светот, е речиси невозможно да прават легални парични трансакции, особено во долари. Морално-политичките импликации кои произлегуваат за некого кој е ставен на оваа „црна листа“, барем во контекстот на западниот демократски свет, обично се прилично девастирачки.

Како што е познато, на најновиот список од седум „банирани“ лица се наоѓаат и имињата на Никола Груевски и Сашо (алијас Алекс, Александар, Саша) Мијалков, како и компанијата во сопственост на Груевски I.C.I.C. Kft (компанија со ограничена одговорност), регистрирана во будимпештанското предградие Пецел (ул. „Бочкаи“ бр. 9), на дваесетина километри од центарот на унгарската престолнина. Наведениот список на сомневања за злодела со кои двеве лица се товарат од страна американската администрација е предолг за овдека да се набројува (во официјалното соопштение има десетина реда за тоа), но за македонската јавност во списокот на тие злоупотреби и криминали нема ништо кривично-правно што веќе со години не го знаеме.

Вреди да се каже дека оваа американска одлука е задоцнета барем 4-5 години. Но, со оглед на Трамповиот светоглед за балканските популистички политичари-криминалци, Извршната наредба на Бајден е и релативно брзо донесена. Информациите дека такво нешто ќе се случи, за упатените, беа протечени веќе кон крајот на минатата година.

Добро, ова е, помалку или повеќе, познато.

Но, која е оваа фирма I.C.I.C. Kft  на Груевски што се јавува на „црната листа“? Со каков имот и капитал располага, кое е неговото потекло, во кои земји работи (од регионов, за почеток), а и на кои финансиски берзи е активна? Зошто е поименично наведена од страна на Американците – барем тоа, кога е во прашање загрозувањето на нивните „национални интереси“, не може да е случајно!?

Занимливо, ниту една надлежна институција во Македонија – барем од она што е достапно дури и за поупатената јавност – не се занимава со континуираните бизнис активности на пребеганиот премиер. Човекот со години изнесуваше милиони евра по оф-шор и други сметки од земјава, ние дури ни приближната сума не ја знаеме. Со кого и да разговарате овде кој нешто разбира „по темава“, веднаш наидувате на „кревање раменици“, но и на еден куп шпекулации кои, доколку се сака, не е тешко барем да се проверат. Не се сака.

А, за почеток, да утврдеше некој надлежен чиј е и каде се наоѓа објектот на улицата во населбата Пецел каде што е регистрирана фирмата на Грујо?

Тукушто објавената „црна листа“ на Американците може да се протолкува и како шлаканица не само за Груевски, туку за нашата официјална неспособност (или нешто друго?) во оваа смисла. Ама ние не сме за шлаканици, туку за боксови…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ