• Latest
Добро утро со Орданоски

Зошто сме завиени во ковид-црнина?

September 2, 2021

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Зошто сме завиени во ковид-црнина?

September 2, 2021 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Не можам да се ослободам од впечатокот дека се навикнавме на морбидната статистика за 20-30-40 починати дневно како последица на вирусот… И тоа не само со овој, последниов бран на зарази, туку во различни периоди од почетокот на пандемијата. Притоа, не мислам само на отрпнатоста на пошироката, туку повеќе на рамнодушноста на стручната, медицинска, здравствено-научна јавност во Македонија. Надлежните здравствени власти како да се помирија со тие ужасни податоци – зависно од неделата, постојано котираме во првите десет земји во светот по смртност од корона-вирусот – а на секое прашање за причините за тие наши траорни рекорди го добиваме „стандардниот“ одговор за коморбидитетите и другите невесели придружни здравствени („дебелината“ лично ме погаѓа!) и културни карактеристики за нашево население. Небаре македонскиве граѓани се (скоро) светски прваци по висок притисок, дијабетес, гојазност или целивање по свадби!

А не е така: на пример, на светската скала на заболени од дијабетес, Македонија се наоѓа на 148 место во светот; по кардио-васкуларните смртни случаи не сме ни меѓу првите 100 земји во светот; истото важи и за смртноста од пулмолошките компликации; од нас повеќе пушат во неколку дузини земји (не сме прваци ни на Балканот); по дебелината на населението сме рангирани како 77. земја во светот (добро, знам, тука јас своестомачно го влошувам просекот!); а за свадбарските обичаи, бакнувањата и улогата на бајачките во нашиот културен модел оставам самите да ја направите споредбата…

Па, зошто сме тогаш завиени во ковид-црнина?

Одговорот на ова прашање јас го немам, а е далеку од меродавно (за пристојноста дума да не стане) тоа што го говорат политичарите, фејсбук-експертите и оние чија работа е по социјалните мрежи да шират говор на омраза. За ова, до сега, МОРАШЕ да има барем неколку стручни анализи направени од државни или лекарски здруженија. Можеби се проблем здравствените протоколи? Можеби е проблем организацијата на системот? Можеби се проблем лекарствата? Респираторите? Начинот на кој се прави статистиката за смртноста? А, можеби од сѐ по малку…

Бидејќи, знаете како е со статистиката: ако во еден ден има рекордна потрошувачка на сладолед и рекорден број на самоубиства, пред да се „обвини“ изедениот сладолед за бројот на самоубиствата, можеби е попаметно да се провери дали висината на температурата тој ден е варијабилата „виновна“ за депресијата на оние склони кон самоубиство?

Да, и овој пандемиски бран, по силата на статистиката, полека ќе стивне. Но, со себе однесе премногу животи кои, најмалку статистички, може да се игнорираат. Македонија е мала земја и, во кризи со ваков обем и траење, сигурно е дека речиси сите медицински и други здравствени експерти се, помалку или повеќе, директно вклучени во решавањето на кризата. Тоа, претпоставувам, целата стручна заедница ја прави одговорна за нејзините последици, а во такви случаи тоа е и рецепт за избегнување на потрага по (непријатни?) одговори за тоа како, кој, зошто и кога е/бил одговорен за „поморот“ што ни се случува со пандемијава. Претпоставувам дека има луѓе што знаат, ама не сакаат да се замераат или да се изложат на друг вид непријатности.

Не е тоа само кај нас така: во Британија, на пример, која исто така помина низ многу црно сценарио со својот одговор на пандемиската криза (а по своите здравствени капацитети, во секоја смисла, е многу пред нас), парламентарната истрага за пандемијата се закажа да почне дури следната година, а веројатно самата ќе трае неколку години до финалните резултати…

Сепак, нашата јавност со полно право очекува одговори. Ако тие одговори не ги дадат надлежните државни и стручни органи и здруженија, немојте потоа да се чудиме зошто на митинзи за докторите се скандира „Убијци, убијци!“

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ