Кандидатот за градоначалник на Општина Сарај, Башким Бакиу, од Движењето Беса, на неговиот Фејсбук профил објави порака која ја добил на неговиот мобилен телефон како закана. Тој на неговата Фејсбук страница вели: „Заканите нема да ме спречат. Животот го дава и го зема Господ! Вашиот пораз не може да го спречи никој! Случајот е пријавен во полиција, исто така и кај меѓународниот фактор!“
Во заканувачката порака упатена до кандидатот на Беса, пишува: „Г. Бакиу десет години лежев во затвор, ако има потреба уште десет ќе лежам, ама тебе ќе те ликвидирам, ако од вечерва правиш некаков активност, ти ако одиш на митинзи вечерва ќе те чекам во дервен каде што имаш митинг.“