• Latest

Како дознал Груевски дека тајните служби водат досие?

October 23, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Како дознал Груевски дека тајните служби водат досие?

October 23, 2017 16:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за една телевизија, обвини дека членови на партијата се прислушувани во изминатиот период и дека во УБК е отворено досие под името „Македонски екстремизам и тероризам“. Тој истакна дека такви досиеја за урнисување на партијата се воделе во комунизмот и во деведесетите против ВМРО-ДПМНЕ, како што се случаите „Темел“ и „Сина птица“.

Од Министерството за внатрешни работи за ЦИВИЛ Медиа велат дека следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури, со наредба од суд преку Јавното обвинителство.

„Нелегалното масовно прислушување, главната одлика на владеењето на Никола Груевски, е предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство. Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) постапуваат во согласност со своите надлежности и нивните активности во форма на оперативни акции и обработки во борбата против организираниот криминал, тероризмот, насилниот екстремизам и другите облици на противзаконско однесување, се од доверлива природа и не се коментираат јавно. Работата на овие служби е насочена кон штитење на интересите и на безбедноста на граѓаните и не се под контрола на ниту една политичка партија“, велат од МВР.

Оттаму потсетуваат дека во Собранието постојат две комисии чија функција е да вршат надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање (АР) и над примената на посебните истражни мерки (ПИМ).

Меѓутоа, останува отворено прашањето за кое не добивме одговор од МВР, како е можно лидер на партија да знае за досие на тајните служби?

Дехран Муратов

Tags: досиеМВРНикола ГруевскиприслушувањеСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ