Панче Ангелов, обвинет за напад на Радмила Шекеринска, на 27 април во Собранието, на денешното судско рочиште изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело наведено во обвинителниот акт, пренесува Плусинфо.
Тој ја повлече Шекеринска, откако беше удрена со метален статив по глава.
Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе, се упатил директно во прес-салата на Собранието. Прво, упатил закани кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници.
[divide]
извор: Плусинфо
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.