• Latest

Нетранспарентни договори во вредност од 35 милиони евра!

June 21, 2017

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нетранспарентни договори во вредност од 35 милиони евра!

June 21, 2017 15:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2016 година се склучени 605 договори за јавни набавки без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20%  повисока од 2015 година. Речиси секој трет тендер распишан во 2016 година бил со еден понудувач, а дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени! Ова се дел од наодите од извештајот од мониторингот на јавните набавки во периодот од јули до декември 2016 година, подготвен од Центарот за граѓански комуникации

Најголемиот договор преку нетранспарентна постапка, го склучило АД „Електрани на Македонија“ за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра!

„Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки, не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра“, се вели во Извештајот, каде се потенцира дека, иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година се доставени само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од фирмите – од 3%.

Во однос на детектираните проблеми, во Извештајот се сместени и неколку препораки, како во иднина да се надминат недостатоците.

„Потребно е да се воведе обврска за Бирото за јавни набавки, на годишно ниво да изготвува и јавно да објавува анализа на поништените постапки, со наведување на договорните органи кои имаат најголем број на поништени постапки. Да се воведат надзор и контрола врз целиот процес на јавните набавки во насока на превенција и спречување на незаконско трошење на јавните пари, спроведување на постапките за јавни набавки во согласност со Законот за јавните набавки и реализација на јавните набавки во согласност со договорите. Потребно е да се воведе и обврска за Бирото за јавни набавки да изготвува и јавно да објавува, најмалку на годишно ниво, анализа на склучените договори по пат на преговарање, без објавување оглас, со наведување на економските оператори со кои се склучени таквите договори“, се само дел од препораките.

Извештајот е подготвен од Центарот за граѓански комуникации, со поддршка од Цивика Мобилитас.

М. Теговска

Tags: 34605 договори без оглас8 милиони евраАД ЕЛЕМБиро за јавни набавкијавни набавкиОгласРЕКтендер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ