• Latest

Работна средба на министерот Манчевски за реформи во администрацијата

June 13, 2017
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Работна средба на министерот Манчевски за реформи во администрацијата

June 13, 2017 19:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска  оствари работна средба со претставници од граѓанските организации, експерти, претставници од меѓународната заедница и од здруженија и асоцијации на медиуми.

Како прв говорник, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, истакна дека недостасува дијалог и личен контакт на вработените со раководните лица, зашто досега комуникацијата со генералниот секретар се одвивала преку три лица. На тој начин, дури и вработените да имале идеи што би ја подобриле работата на Генералниот секретаријат, нетранспарентноста довела тие да не се остварат.

Министерот Манчевски вети дека оваа средба е една од многуте што следуваат, дека се отворени за соработка и имаат слух за предлозите за подобрување на работата на администрацијата, а со тоа и на Министерството.

Потребата од итни реформи во администрацијата, според Манчевски, произлегува од превработеноста и од недостатокот од стручен кадар.  На новинарско прашање – дали Владата спровела нови вработувања во првите денови од своето работење, Манчевски одговори дека освен вработувањата во кабинетите на министрите што законски следуваат, други вработувања не се спроведени.

Претставниците на граѓанските организации и синдикатите излегоа со многу предлози за реформи во администрацијата, меѓу кои: флексибилно работно време, подобрување на Законот за јавни службеници, како и предлог-стратегијата за реформирање на администрацијата да опфаќа дел кој нема да ги става на маргините лицата со попреченост и другите ранливи категории на граѓани кои не можат да си ги остварат своите права, токму поради стереотипите кон нив.

Министерот Манчевски ја истакна потребата од соработка со граѓанските организации, со цел навреме да се имлементираат планираните активности на Министерството, за што ќе се воспостави Консултативен совет за имплементација на клучните реформски приоритети.

Биљана Јордановска

Tags: администрацијаДамјан Манчевскиотвореност за соработкаработна средбаРашковскиреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ