• Latest

Советниците се скараа и го проблематизираа референдумот во Дебарца!

July 25, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Советниците се скараа и го проблематизираа референдумот во Дебарца!

July 25, 2017 15:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната седница на Советот на Општина Дебрца на која требаше да се расправа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски за распишување на референдум на кој жителите треба да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје – е прекината! 

Според претседателот на Советот Даниел Огненоски, наместо да водат грижа за интересите на жителите, особено сега кога во прашање е ставена иднината на еколошки чистата општина Дебарца, тие почнуваат предизборна кампања. Според Огненоски, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, уште пред да почне седницата отвориле жестока расправа, со меѓусебни обвинувања околу редоследот на точките на дневен ред. Откако не можеле меѓусебно да се договорат, советниците од СДСМ, побарале пауза од 10 минути по што не се вратиле на седницата.

Жителите на Општина Дебарца протестираа во знак на револт против предлогот на Министерството за животна средина за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје, со дециден став дека „не сакаат фабрика за отпад во најчистата околина“ и најавија радикализација на  протестите и блокади на патиштата, ,ако не се најде друга локација за депонијата“.

Откако граѓаните реагираа дека никој не ги информирал, ниту консултирал и дека никој од Дебарца не дал позитивно мислење за депонијата – иако се работи за најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое што е под заштита на УНЕСКО, градоначалникот Игор Трајкоски (ВМРО-ДПМНЕ) побара поддршка од советниците – за итно распишување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат или не депонија во својата општина, по што, советниците и на ВМРО-ДПМНЕ и на опозиционата СДСМ, се согласија на итна седница да одлучат дали референдумот и ќе се организира. Но, очигледно, во меѓувреме, проработеле жешките линии со партиските централи, и се случиле меѓусебни опструкции од типот „на комшијата да му цркне козата“.

Во рамки на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион што ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, од 12 предложени локации, предвидено е регионалната депонија за неколку градови од Западна Македонија, да се изгради во општината Дебарца, во реонот на селото Годивје, а со нејзиното пуштање во употреба до 2020 година, да се затворат бројните диви депонии, меѓу кои и струшката депонија.

 

 

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГодивјеДебарцаИгор ТрајковскиЈугозападен плански регионпартиски централиПротестирегионална депонијареферендумСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ