• Latest
Добро утро со Орданоски

Среден прст за Амди

October 4, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Среден прст за Амди

October 4, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]ден од најверните и најдоследни соработници на Фамилијата, политичкиот кловн Амди Бајрам – молам, не е првпат така политички да го квалификувам и подготвен сум тоа, ако треба, и да го докажувам – денеска доживува тешки денови. Син му, реално, некни лошо го претепале, опасно. Добро е што Елвис поминал релативно подобро од тоа како можела целата таа работа да се заврши. Дури, за насилството не е ни оправдување тоа што Елвис, навистина, ги кинел плакатите лепени од поддржувачите на Дудуш… А, бе, Грејсленд, тоа е!

Но, Амди, всушност, се плаши дека тој силеџиски „поздрав“ е само почеток на неговите неволји. Не заборавил Амди кому покажувал и средни прсти и превиткани лакти со тупаница, не заборавил и кога Шеќеринска ја фатија за гуша во Шутка на еден од претходните избори, а само тој знае колкумина во Веселата Долина имаат јадено ќотек со негово, да речеме, знаење. Плус, некни објавија дека во скопскиот ГТЦ, со којшто до изборите со години управуваше негов партиски кадар, новото раководство не може да го лоцира таксиратот на близу два милиони евра…

Сега на Амди му е јасно дека локалниве избори ќе ги губи, оти таков е системот што тој самиот го рекламираше: Ромите секогаш одат со власта!

Но, тоа би било уште и разбирливо, ако се работи за политичка прагма која ѝ носи на ромската заедница некаква корист. Проблемот е што се покажа дека не ѝ носи, освен користа за самиот Амди и неговата непосредна „банда“. Десетина години Амди се сликаше, се умилкуваше, се глупираше и се келнеришеше на сите изминати избори за Фамилијата, а бројот на Роми кои висат по контејнери само се зголемуваше, Ромките ни гинеколог во Шутка не добија. Си останаа тие да мизеруваат на општествената маргина, молејќи се за социјална помош од две-три илјади денари месечно. Во Скопје не постои поголема крстосница којашто последниве години не е запоседната од армијата ромски просјаци или од гроздови млади Ромчиња кои малку бришат, а малку и замачкуваат шофершајбни.

Читам некои податоци од пред некоја година: на возраст до 3 години помалку од 1% од децата на Ромите одат во градинка, под 60% завршуваат основно, а само околу 25% средно училиште, со значително помалку женски од машки деца. Ќе ве оставам да нагаѓате колку од Ромите успеваат да завршат факултет (помош: процентот започнува со нула запирка…), но пострашно е што овие трендови, со текот на годините, не покажуваат значајни подобрувања. Напротив.

Важно, Владата има и стара и обновена (2014-2020) програма за “имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Македонија преку подобрување на стратешките и оперативните управувачки процеси“… Уште кога ќе го чуеш ова срање за „управувачкиве процеси“, јасно ти е дека од тоа ништо не бидува.

Ете, во таа реалност живее нашиот лик Амди Бајрам, кој не е само во опозиција на национално ниво, туку наскоро ќе си замине и од владението на општинската зграда во Шутка. Ромите таму се подготвуваат да му го покажат омиленото политичко оружје на Амди: високо подигнат среден прст. А, потоа, којзнае каде ќе му биде крајот на Амдија, верното другарче на Грујо.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ