Македонскиот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Покрај средбите со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Виетнам, Фан Бин Мин и со премиерот на Непал, Шер Бахадур Деуба, Заев денеска ќе има обраќање на конференцијата „Нов старт на Балканот“, во организација на УНДП.
Претседателот на македонската Влада вчера имал средба со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте, кој дал поддршка на реформскиот процес што го почна Владата и ги поздравил чекорите што ги презема државата за градење на добрососедски односи и регионална соработка. Руте истакнал дека Холандија останува силен поддржувач на Македонија во заложбите за постигнување на стратешките цели, членство во Европската унија и во НАТО.
На средбата, Заев посочил дека очекува есенва да се тргне условеноста на препораката за членство на Македонија во ЕУ, а следен чекор да биде датум за почеток на преговори.