• Latest

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Конечно, договорен датумот за избори, 100.000 домашни платежни картички, 103 нови позитивни случаи на КОВИД-19

June 15, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Конечно, договорен датумот за избори, 100.000 домашни платежни картички, 103 нови позитивни случаи на КОВИД-19

June 15, 2020 16:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

15 јули конечен датум за избори

Заклучен, последен и единствен датум за избори, на кои загарантирано ќе учествува и опозицијата, ќе биде 15 јули, нагласи лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Разговарав повторно со Мицкоски и ми потври дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Бараа средината на јули, еве им средина на јули. 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани. Ден за гласање, одлуки и спас на државата од кризата во која влеговме“, истакна Заев и додаде дека на 13 и 14 јули ќе гласаат болните, позитивните на корона, оние во самоизолација, хронично болни граѓани, а изборниот молк ќе настапи на 12 јули, недела.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Прес-конференција на министерот Филипче

БЕЗ ФИЛТЕР: Инфодемијата е полоша од пандемијата (видео колумна)

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, регистрирани се 103 нови позитивни случаи, петмина починати и 13 оздравени лица.

Филипче нагласи дека огромно мнозинство од починатите имале хронични заболувања. Од досега 193 починати лица, најголем дел се постари од 60 години, а 76 отсто имале и хронични болести, болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови и шеќерна болест.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил напиша дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули, среда.

„Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Каџоски.

Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит на странци, но граничните службеници на Грција, чија копнена граница уште е затворена, ги враќаат возилата, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП Богородица.

Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, по одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец.

Јавното обвинителство соопшти дека 45-годишниот скопјанец Д.Д. е осуден условно на една година затворска казна по заканите кои лани на Фејсбук му ги упатувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

До крајот на неделата околу 100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, а 10.000 веќе ги добиле, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: 

„Уште пред да се изјаснат политичките партии, ЦИВИЛ изгради став дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат час поскоро. Датум за избори е 5 јули. Државата не може да си дозволи понатамошни одложувања.

Препораките на ЦИВИЛ беа дека треба да се одржат уште во декември минатата година, кога веќе се договорија предвремени избори, а во периодот на здравствената криза со коронавирусот, препораката на ЦИВИЛ беше изборите да се одржат на 21 јуни. Откако беше пропуштен и тој датум, наш став е дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на изборите.

ЦИВИЛ тоа го соопшти повеќе пати во текот на изминатите денови, а соопштение со најнов датум пред оваа прес конференција е на 12 јули кога го соопштивме овој став. И денеска го истакнуваме овој став и ги повикуваме сите политички партии и институции одговорно и совесно да го довршат изборниот процес, за доброто на целото општество“, истакна Џабир Дерала на вчерашната прес-конференција.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Учеството во мониторингот, како и во други активности и семинари на ЦИВИЛ, претставува и можност за подолгорочна соработка во различни проекти и активности. Повикот е отворен до 15 јуни.

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.

Димитриевски: Очекувам правда, секогаш ќе останам социјалдемократ

„Денеска ја искористив мојата граѓанска можност со оглед на сето она што поминав поврзано со наводната кривична пријава за која што бев теретен, согласно член 206 од Казнениот законик да побарам од МВР и од Одделот за внатрешна контрола комплетна истрага на случајот и како дојдовме до ситуација да биде поднесена кривична пријава што беше потврдена од Основното јавно обвинителство како неоснована. И тогаш верував и денеска верувам во институциите на системот и верувам дека овој предмет ќе резултира со разрешница, бидејќи оваа држава мора да изгради капацитети коишто без разлика на политичките притисоци ќе функционира и ќе работи непристрасно и крајно професионално“, изјави на денешната прес-конференција пред МВР, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

СЛОБОДНА ЗОНА

Такви околности се беа стекнале, што „блажената состојба“ на невестата веќе не можеше да се сокрие. Мицкоски вели ние бараме избори на 15 јули; Османи вели ние не одиме на избори без ВМРО; Дерковски вели, заборавете закони, нема седница на ДИК без датум од Џафери; Џафери вели, заборавете Устав и закони, додека нема консензус дека ДУИ не оди на избори без ВМРО, јас датум не распишувам… – пишува Сашо Орданоски во денешната колумна Среќна Нова 2008-2016! Pse јo?

Џабир Дерала пишува за фактите во Еден поетичен запис од бојното поле: Тешко време за фактите… Тие, едноставно, не успеваат да опстанат на бојното поле. Секоја новинарска сторија е вистинска мала војна во која фактите се борат да се пробијат низ густата завеса од бојни отрови (лаги) и гранати (скандали и афери) што ги лансира пешадијата од разни табори, секој под знамето на некој генерал.

А. Петровска

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ