• Latest

Еден поетичен запис од бојното поле

June 15, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Еден поетичен запис од бојното поле

Посветено на моите колешки и колеги од мојата и неколку други редакции, малку на број...

June 15, 2020 07:01
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тешко време за фактите… Тие, едноставно, не успеваат да опстанат на бојното поле. Секоја новинарска сторија е вистинска мала војна во која фактите се борат да се пробијат низ густата завеса од бојни отрови (лаги) и гранати (скандали и афери) што ги лансира пешадијата од разни табори, секој под знамето на некој генерал.

Валкана е таа војна со и против фактите. Живееме во 21. век и користиме технологии што не можеа да се замислат пред 10-15 години, но овој чуден свет заглави во ровови, како во Првата светска војна. Ова е валкана и крвава војна, со безброј апсурдни жртви (фактите), предавства и пребегнување од еден во друг ров.

Главните играчи се генералите во луксузните штабови, заедно со еден булук ликови, медиумски газди, политичари и богати трговци, криминалци и разни курви со скапи гаќички… Убаво и удобно се легнати на скапите балдахини и фотелји. Центри на моќта ги нарекуваат. На бојното поле, заедно со фактите, умира и моралот на пешадијата – новинар(к)ите.

Капларите (уредниците), малку подобро поминуваат од својата пешадија, сите со едно завидливо око свртено кон блескавите штабови, заслепени од сјајот на лажното злато со кое се опточени. Со душа чекаат да ги викнат на кафе во генералските палати, цело време вежбаат насмевки и склопуваат гранати – куртон вести… На линија меѓу фронтовите и штабовите, во улога што самите си ја дале, се лажните душегрижници, со натпис на грбот од кој се цедат капки крв од смртно ранетите факти, па не се гледа дали пишува калкулатори или некако поинаку. Регулатори, можеби?

Некои свесни, некои несвесни. Некои со лоши, некои со добри намери. Многумина се само суетни и неспособни, не многу писмени. Поточно, доволно писмени колку беља да направат… Медиумска пешадија… И роеви од тролови и ботови со осила наместо очи, со мали кесички од отров, наместо мозок. Немаат дарба да говорат, туку само да слушаат команди. На клик.

И сите заедно пукаат. Пукаат на слепо, со силно стиснати очи. Оглувени од експлозиите на лагите што сами ги детонираат. Во постојана надеж дека така ќе убијат што е можно повеќе непријатели. Фактите се трагичните жртви во таа беспоштедна и апсурдна војна. А покрај фактите, смртно погодени, паѓаат достоинството и спокојството на луѓето кои, ете, наивно тргнале да дознаат што се случува околу нив.

Убиството на фактите стана цел самата по себе. Во оваа војна сѐ е дозволено. И кражба на факти за да се претворат во лаги и отров што се фрла назад на противничкиот ров е само уште една од омилените тактики на перверзната медиумска пешадија, полудена во жарот на битките.

На тоа ужасно бојно поле, со ровови низ кои течат потоци крв од загинатите факти и достоинство, нема милост, нема морал, нема чест. Само бескрајно и беспоштедно уништување.

Но не е сѐ изгубено. Во тој бескраен простор, можат да се сретнат и такви борци – со силно светнати штитови, вооружени со факти, излезени надвор, на отворено, во постојано движење. Се борат, грешат, паѓаат, но секогаш одново стануваат, ранети безброј пати од отровите и детонациите од лаги, но продолжуваат. Малкумина се, но не се предаваат.

„Бидете трпеливи. Времето работи на страната на оние што се посветени и искрени. Другите ќе изгорат во пеколот на лагите“ – велат со троа патетика во гласот. Да им се чуди човек на упорноста.

 

ПС. За насловот на овој текст: Своевремено, една моја колешка од Холандија, која никако не можеше да го разбере Балканот, но многу го сакаше, ме праша: „Од кога патетично се нарекува поетично?“ Среќно се омажи во Африка.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ