• Latest

Димитриевски: Очекувам правда, секогаш ќе останам социјалдемократ

June 15, 2020
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Димитриевски: Очекувам правда, секогаш ќе останам социјалдемократ

June 15, 2020 14:08
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска ја искористив мојата граѓанска можност со оглед на сето она што поминав поврзано со наводната кривична пријава за која што бев теретен, согласно член 206 од Казнениот законик да побарам од МВР и од Одделот за внатрешна контрола комплетна истрага на случајот и како дојдовме до ситуација да биде поднесена кривична пријава што беше потврдена од Основното јавно обвинителство како неоснована. И тогаш верував и денеска верувам во институциите на системот и верувам дека овој предмет ќе резултира со разрешница, бидејќи оваа држава мора да изгради капацитети коишто без разлика на политичките притисоци ќе функционира и ќе работи непристрасно и крајно професионално“, изјави на денешната прес-конференција пред МВР, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Димитриевски посочи дека очекува во најкус можен рок МВР и Одделот за внатрешна контрола да ја утврди целата фактичка состојба во случајот каде што ќе се соопштат сите евентуални прекршувања по однос на самата постапка како е водена, на кој начин е дојдено до кривична пријава.

„Моите сознанија и она што го имаме дадено во преставката е дека во самата постапка ниту во еден момент не сум повикан на распит во полиција или, пак, некој побара мислење или став од мене во самата предистражна постапка. Во самата постапка имам формирано документација од личен карактер од претставници – полициски службеници, а знаете тоа јавно го обелоденив дека во самата постапка дел од податоците коишто беа прибрани од страна на други надлежни органи, конкретно ДЗСИ беа изнесени во јавноста и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава од моја страна веднаш по завршувањето на мојот адвокатски тим со изготвување на кривичната пријава против Бухова-Сотирова“, рече Димитриевски.

Димитриевски истакна дека протоколот е испочитуван до крај, а тоа што поедини претставници на МВР, Комисијата и другите институции ги менуваат од ден за ден, тоа е прашање за нив. Според него, државниот апарт треба посериозно да се позанимава со решавање на регулативата на целиот овој процес.

„Јас сум член на СДСМ од 1995 година, сега сум челн и ќе останам член на СДСМ затоа што таму припраѓа мојата идеолошка матрица. По убедување сум социјалдемократ и така ќе продолжам јавно и транспарентно да настапувам. Притоа нема да прифатам никаков вид на било каков притисок во ситуација кога ние вршиме одговорни и јавни функции и сме градоначалници на сите граѓани во оваа држава. Затоа ќе ги отфрлам сите шпекулации во јавноста дека Максим Димитриевски има намера да членува во друга партија. Тоа не е точно. Исклучително Максим Димитриевски е член и ќе продолжи да биде член на СДСМ“, истакна Димитриевски одговарајќи на новинарско прашање околу заострените односи со СДСМ.

Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ