• Latest

Полемика меѓу активистите: Дали треба да се фарба „Скопје 2014“?

April 25, 2016
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025

Тајван го затвора последниот нуклеарен реактор

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Мицкоски: 6 милјарди евра договор за стратешко партнерство, деталите и условите за инвестиции уште се договараат

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Лосон: Ова не е партнерство само на хартија, туку на споделени вредности, но олеснување на визниот режим не е дел од договорот

May 17, 2025

Заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на владата за продолжување на брзите депортации според воен закон од 1798 година

May 17, 2025
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

ЕК најави нова стратегија против дискриминацијата поради сексуална ориентација и родов идентитет

May 17, 2025
Фотографија: Укриноформ

Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Полемика меѓу активистите: Дали треба да се фарба „Скопје 2014“?

April 25, 2016 12:03
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Шарената револуција“ која ја започнаа продемократските демонстранти, трае веќе 11 дена и секој ден демонстрантите ги фарбаат спомен-обележјата, дел од проектот на Владата „Скопје 2014“. Но, генералот Стојанче Ангелов, повика да запре фарбањето на спомен-обележјата, со Фејсбук статусот под наслов „Ве молам, ама ептен многу Ве молам!“,што во целост го пренесуваме:

zscfs„Добри луѓе! Некои од вас можеби имаат префинет вкус, но јас, изгледа, не. Мене и вакви, какви што се, ми се допаѓаат. Ми се допаѓаат повеќето споменици и објекти од “Скопје 2014“. Дури, повеќето од нив, ми изгледаат убави. Некои од нив преубави. На пример, споменикот на кралот. Споменикот на Александар Македонски. Но, не само тој. Преубав ми е и споменикот на Бранителите од 2001-та, и споменикот на ВМРО, и споменикот на АСНОМ… Иако се дел од ‘Скопје 2014’, мене сепак, ми се убави. И мислам дека не е грев. Не е грев да ми се допаѓа нешто кое на некои од вас им изгледа смешно. Па, нели, се бориме за демократија? За правото на различно мислење? Правото на различен вкус? А нели, за вкусовите не се дискутира.

Добри и разлутени луѓе!

Објектите и спомениците од ‘Скопје 2014’ нѐ ни се виновни за огромните пари кои се испраа преку нив. Не ни се виновни ниту за урбаниот фалсификат кој се направи со нив. Не ни се виновни ниту за гротеската која се направи со нив.

Но, добри, разлутени и разумни луѓе!

Од самиот почеток не го оправдував, но сега мислам дека е доста. Ве молам, ама ептен ве молам, доста беше боја по нив. Да го зачуваме достоинството на протестот. И со боја, и без боја, режимот ќе падне. Режимот ќе падне, а спомениците ќе останат. Ќе останат да сведочат за едно страшно време. Да сведочат за едно темно време. Време во кое болни деца умираа додека некој си играше крал.

Затоа!!! Да се собереме 100.000 и режимот ќе падне сам. Без насилство, без боја, без крв“.

Статусот на Ангелов предизвика бројни реакции, а еден од највпечатливите беше одговорот на професорката Мирјана Најческа.

cvbfv

Таа на Ангелов му одговори дека „секој денар потрошен на спомениците од проектот ‘Скопје 2014’ е денар одземен од здравството, образованието, социјалата, заштитата на животната средина… Секој споменик е надгробен споменик на многу луѓе кои можеле да живеат и преживеат, да се развиваат и да творат. И заради тоа мора да бидат уништени, како симбол на злото“.

И Фејсбук статусот на Најческа го пренесуваме во целост:

„1. Спомениците и сé што е изградено во проектот ‘Скопје 2014’ претставува кич кој не смее да биде оставен заради тоа што ќе влијае на генерациите кои доаѓаат и ќе не дефинира нас како граѓани на пазарско, наместо на уметничко ниво.

  1. Секој споменик од проектот ‘Скопје 2014’ е дивоградба која е донесена спротивно на Законот за меморијални споменици и спомен-обележја и како таков, треба да биде отстранет.
  2. Спомениците од проектот ‘Скопје 2014’ создаваат лажна историја на луѓето кои живееле на овие простори, лажно ги прикажуваат дејците кои делувале на овие простори и градат психологија на насилство.
  3. Спомениците од проектот ‘Скопје 2014’ се симбол на диктатурата, на тоталитаризмот кој го исклучи народот од процесот на одлучување за местото на своето живеење и како такви, мора да бидат срушени.
  4. За секој споменик од проектот ‘Скопје 2014’ се жртвувани дрвја и зелени површини, со што градот е претворен во зандана од 19 век и затоа, мора да бидат уништени.
  5. Секој денар потрошен на спомениците од проектот ‘Скопје 2014’ е денар одземен од здравството, образованието, социјалата, заштитата на животната средина. Секој споменик е надгробен споменик на многу луѓе кои можеле да живеат и преживеат, да се развиваат и да творат. И заради тоа, мора да бидат уништени, како симбол на злото.

Историјата се учи за да ја изградиме сегашноста и да ја трасираме иднината. Историјата не смее да стане дел од сегашноста и не смее да ја зароби иднината.

Ептен си ја загрешил работата, Стојанче Ангелов.

Бојата е најмалото нешто што треба да им се направи на овие споменици“.

 

Во своја колумна, активистот за човекови права, Жарко Трајановски, потенцираше дека објектите од „Скопје 2014“ воопшто не се споменици:

cxv

„Бесмислена е дебатата дали „спомениците“ од „Скопје 2014“ треба да се ‘шараат’, затоа што објектите што се ‘мета’ на ‘Шарената револуција’, воопшто не се меморијални споменици. И ‘Воинот на коњ’, и ‘Воинот’ без коњ што го викаме Филип (што на старогрчки значи „коњољубец“), не се воопшто споменици, туку спомен-обележја од локално значење за Општина Центар. ‘Порта Македонија’ не е ниту спомен обележје од локално значење, туку е изградена како уметничка скулптура! Сите т.н. споменици од ‘Скопје 2014’, се всушностм дивоградби, изградени со прекршување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата.

Според член 4 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, „спомен-обележја, во смисла на овој закон, се бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности од членот 2 на овој закон или од народната традиција, кои се од локално значење (во натамошниот текст: спомен- обележје)“, а според член 5, „меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, согласно со овој закон. Иницијатива за подигање меморијален споменик можат да дадат, како и да вложуваат средства за негово подигање: Собранието на Република Македонија и органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, установи, здруженија на граѓани и фондации, други заинтересирани правни лица и граѓани. Спомен- обележје можат да подигаат општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, согласно со овој и друг закон. Правни и физички лица можат да дадат иницијатива до советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за подигање спомен- обележје, како и да вложуваат средства за негово подигање. Странски државјани и лица без државјанство можат да вложуваат средства за подигање на меморијален споменик, односно спомен- обележје“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: историјаМакедонијаСкопје 2014споменикстатусЦивилшарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ