• Latest

24 ЧАСА: Четиристотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Четиристотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Прва човечка жртва од пожарите во Македонија, привремено ќе се вработат 400 пожарникари за 400 евра плата

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (на 06.07.2025) во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Во пожарот настрадало едно лице и се пронајдени тела на добиток. 

Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во противпожарните единици во општините или во соодветните институции. Со мерката се опфатени 14 општини.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

„Во текот на ноќта и до утрото, во регионите Донецк и Дњепарк се во тек итни операции за спасување. Во Харков се расчистуваат урнатините по нападот врз станбени згради. 27 лица се повредени, вклучувајќи три деца. Најмладото, девојче, има само три години. Три лица се хоспитализирани. За жал, во Одеса имаше еден смртен случај. Моето сочувство до семејството и најблиските. Многу региони беа погодени, а сирените за воздушен напад повторно се вклучија низ многу региони утрово поради беспилотни летала за напад. Вкупно, во текот на изминатата недела, имаше околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и речиси илјада водени бомби“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

РЕГИОН

Спречени блокирања на неколку локации во Блеград, на осмиот ден од протестните блокади

На осмиот ден од блокадите на протестите во Србија, во текот на утрово, полицијата ги спречи граѓаните да блокираат клучни патишта на неколку локации во Белград.На покана на студентите, неформалните собири на граѓани најавија блокади на улици и раскрсници од седум часот наутро, на повеќе од десет точки во Белград.

СВЕТ

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 6 јули изјави дека неговата администрација ќе воведе дополнителна царина од 10% за земјите што се усогласуваат со она што тој го опиша како „антиамериканска политика“ на групата БРИКС.

АЛ-ПРЕС

Реакциски избор од албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

ИНТЕРВЈУ

Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

АНАЛИЗИ

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

„Она за што пишуваме веќе извесно време, откако односите меѓу Русија и Азербејџан, некогаш сметани за блиски, нагло се влошија по низата инциденти од висок профил – кој започнаа со соборувањето на азербејџанскиот патнички авион и продолжија последниве недели со смртни случаи во притвор, вонсудски убиства за време на приведување, рации во медиумски канцеларии и претепани и крвави осомничени во најновиот развој на настаните во долгогодишното преобликување на геополитичкиот пејзаж во Јужен Кавказ. Азербејџан, Ерменија и Грузија беа советски републики, а Русија сè уште го гледа регионот како свој двор“, пишува Драган Мишев. 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мицкоски ја претвори нашата партија ВМРО-ДПМНЕ во канта за смет или можеби подобро во депонија за политички отпад. Бравос за генијалецот и политичкиот дустабанлија Мицкоски. Со Мицкоски покрај тоа што се наслушавме, ќе се нагледаме срамотилаци и ќе мирисаме од реата на распаѓањето на политичкиот смет кој во себе го прими токму нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. И драги мој сопартијци, како што убаво си молчите малку ви е и ако ни е“, пишува Оливер Андонов во „Канта за смет“.

Подготви: Б. Јордановска

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ