• Latest

24 ЧАСА: Ден на украинската државност – Украина се бори, животот триумфира; Трамповиот ултиматум од 50 дена може да донесе повеќе цивилни жртви; САД најавија нов канал за достава на оружје во Украина

July 15, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ден на украинската државност – Украина се бори, животот триумфира; Трамповиот ултиматум од 50 дена може да донесе повеќе цивилни жртви; САД најавија нов канал за достава на оружје во Украина

July 15, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ден на украинската државност: Јадрото на државноста е волјата за самоопределување, историското искуство на народот, неговиот менталитет и правните традиции 

 На 15 јули Украина го одбележува Денот на украинската државност, кој се совпаѓа со Денот на крштевањето на Рус-Украина (Кијивска Рус) и денот на оддавање почит на истакнатиот државотворец, кијивскиот кнез Володимир Велики. 

Историјата на украинската државност води потекло од средновековната држава Кијивска Рус, чиј центар бил Кијив. Токму Кијивска Рус ги постави темелите на државотворните традиции на Украинците. Оттаму потекнува грбот, паричната единица, а најважно – Кијив како политички и културен центар на Украина. 

По повод денот на Украинската државност, украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата со видео порака. 

„Украинците ќе бидат тука. И на оваа земја, животот секогаш триумфира. Вредностите и нашиот карактер преовладуваат – најдоброто во нашиот народ, кој, и покрај војна, солзи и болка, ја сочува својата хуманост и кој се штити еден со друг, што значи ја штити својата држава. И ова е докажано со илјадници наши судбини, илјадници наши приказни за тоа низ што сме поминале, за тоа што носи секое срце, кој и да сте: воин, учител, музичар, инженер за беспилотни летала, или претседател. Ова се приказни за нашите денови, ноќи и утра.“, порача меѓу другото Зеленски, во своето обраќање до нацијата.   

Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина од почетокот на руска воена агресија, на Платформата Х 1238 ден од руската војна во Украина го посвети на Денот на Украинската државност. 

Ден 1238. Денес заедно со украинската заедница го одбележавме Денот на Украинската Државност, оддавајќи почит на повеќе од илјадагодишната историја на украинската државност.
Украина се бори!#StandWithUkraine pic.twitter.com/8tPlBT5Sam

— Larysa Dir (@dir_larysa) July 15, 2025

„Ден 1238. Денес заедно со украинската заедница го одбележавме Денот на Украинската Државност, оддавајќи почит на повеќе од илјадагодишната историја на украинската државност.
Украина се бори!“, напиша амбасадорката на Х. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Калас го поздрави ставот на Трамп кон Русија, но предупреди дека ултиматумот од 50 дена може да донесе уште повеќе цивилни жртви 

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изрази и поддршка и загриженост во врска со ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп до Русија. Таа го поздрави цврстиот став, но го критикуваше рокот од 50 дена како предолг, имајќи ги предвид секојдневните цивилни жртви во Украина. 

РЕГИОН 

Соработката помеѓу Европската народна партија и Спрска напредна странка над случувањата во Србија 

Додека официјален Брисел бара истрага за наводите за полициско насилство врз демонстрантите во Србија, нема официјални изјави од Европската народна партија, најголемата политичка група во Европскиот парламент, чиј придружен член е Српската напредна партија (СНС). 

СВЕТ 

Трамп се закани на Русија со царини и најави повеќе американско оружје за Украина 

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ѝ се закани на Русија со високи тарифи и најави обновен канал за американско оружје што ќе стигне до Украина, заострувајќи го својот став кон Москва по месеци фрустрација поради неуспешните преговори за завршување на војната. 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ 

Каков летен одмор можете да си дозволите? 

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Секој метар автопат сега се користи како политичка предизборна кампања. Наместо инфраструктурата да биде нешто што ги обединува граѓаните и институциите, таа станува уште една платформа за евтин пи-ар, присвојување и обвинување пред локалните избори. 

Автопатот не е приватна сопственост на ниту една партија, тоа е на граѓаните. Не е за промоција, туку за користење. Граѓаните не се интересираат дали некој бил на терен со шлем и жолти чизми – туку дали конечно ќе стигнат побрзо, побезбедно и поевтино од точка А до точка Б.“, пишува Дехран Муратов во анализата „ Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер“. 

Подготви: Д. Тахири 

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ