• Latest

24 ЧАСА: Десет убиени во училиште во Грац; Платите на функционерите повисоки за 200 евра; Киjив и Одеса под уште еден масовен руски напад

June 10, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Десет убиени во училиште во Грац; Платите на функционерите повисоки за 200 евра; Киjив и Одеса под уште еден масовен руски напад

June 10, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Десет лица загинаа во пукотница во училиште во Грац

Градоначалникот на Грац, Австрија, соопшти  дека 10 лица се убиени во инцидент со пукање во средно училиште, вклучувајќи го и наводниот сторител. Австриската полиција соопшти дека училиштето било евакуирано откако реагирале на пријави за пукање.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Трендафилов: Платите на функционерите растат за 200 евра, но не и на работниците

„Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно иако така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува (друго образложение нема)“,  вели претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој додава дека секој заслужува покачување, но прво треба да се обрне внимание на работниците кои имаат помали плати и се погодени од растот на животните трошоци.

РЕГИОН

Продолжува дијалогот меѓу Приштина и Белград во Брисел

Во Брисел денеска се одржува нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина  под покровителство на Европската унија.

Белградската делегација, во која учествуваат бројни експерти, ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главниот преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ.

СВЕТ

Во еден од најголемите напади врз главниот град на Украина, рускиот бараж ги погоди Кијив и Одеса, убивајќи 2 лица, повредувајќи 12

Киjив и Одеса беа под уште еден масовен руски напад во раните утрински часови на 10 јуни, во кој беа вклучени балистички ракети и беспилотни летала. Експлозии се слушнаа низ целиот главен град додека системите за воздушна одбрана ги напаѓаа целите, пренесува Кијив Индепендент.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за зголемување на платите на функционерите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сајбер арсеналите на оружје, сè повеќе засилени со вештачка интелигенција, тивко навлегуваат во критичните инфраструктури – саботираат енергетски мрежи, комуникациски системи и други клучни структури, крадат разузнавачки податоци и сеат хаос. Тие се невидливите архитекти на современото војување – обработуваат податоци, управуваат со дронови, обликуваат наративи и го редефинираат разузнавањето на боиштата во реално време.“, пишува Авторот Џабир Дерала во колумната „Иднината е сега: Вештачката интелигенција е срцето на модерното војување – водена од човекот“ – дел од анализата „Линии со код, реки од крв“.

„Не, не се разбираме непочитуван расисту филип т. петровски! И немам намера да ти држам едукативни предавања и да те убедувам што значат изразите „циганска или педерска работа“, бидејќи тоа е губење време, односно тоа ти е исто како да му кажеш на глуп човек дека е глуп или на мртов човек дека е мртов. Тоа го знаат сите околу него, освен тој самиот. Исто е и со наци(онали)стите, фашистите и расистите! Тие мислат дека за сè се во право.“, пишува Авторот Дехран Муратов, во колумната „Не, не се разбираме расисту филип т. Петровски“.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ