• Latest

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК: Истече рокот за собирарање потписи – 69 независни каднидати за градоначалници и 68 независни листи за советници

По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска побара од обвинителството што поскоро да ги истражи тврдењата на АНБ и на премиерот Христијан Мицкоски за прислушување додека тој бил лидер на опозицијата, како и на новинари и на бизнисмени и други. Очекувањата на Филипче се дека треба да има објективно прикажување на фактите, како и дека документите треба да се декласифицираат па да види дали било така. 

– Обвинителството треба што поскоро да расчисти оваа работа. Еве и поранешниот директор Димовски побара да се расчисти работата. Нека се декласифицираат информациите. Нека се знае што точно се случило, па после да судиме како било имало ли реформа, немало ли реформа, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата.

РЕГИОН

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

И покрај западните санкции и политичката изолација, лидерите на БиХ, на ентитетот Република Српска и Србија, Милорад Додик и Александар Вучиќ, продолжуваат да одржуваат блиски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, пишува РСЕ на српски јазик. Иако овие средби се чести, аналитичарите веруваат дека тие служат повеќе како порака до Западот отколку што навистина носат конкретна поддршка од Москва.

СВЕТ

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

Осомничениот уапсен за убиството на поранешниот претседател на парламентот Андриј Парубиј го призна злосторството во коментари за медиумите на 2 септември, нарекувајќи го злосторството „одмазда против украинските власти“, пренесува Кијив Индипендент. Тој истакна дека сака да биде разменет за украински воени заробеници кои се наоѓаат во Русија за да го бараат телото на неговиот син.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кои ветувања (не) ги исполнија вашите градоначалници?

СЛОБОДНА ЗОНА

Војната на Русија не завршува на границите на Украина. Хибридната војна — комбинација на конвенционална сила и прикриени, неконвенционални тактики — стана трајна карактеристика на стратегијата на Кремљ да ја ослаби европската кохезија, да ја наруши критичната инфраструктура, да ја разниша довербата и да влијае врз политичките процеси, сето тоа без да ја премине линијата на отворена војна, пишува Џабир Дерала во колумната „Руската хибридна војна против Европа (1)“.

*

Како стоиме со растот на економијата? Па, никако. Дали сме добри кај размената на стоки со странство? Каква е непосредната иднина на нашата економија кога фирмите кои до сега нè одржуваа некако во барем мала кондиција –  слободните зони – ги отпуштаат работниците масовно, а многу наши производители кои буквално зависат од американскиот пазар сега се секако во небрано: што да се каже за Макстил кој уживаше бенефит во САД, а сега треба да плаќа огромни увозни такси? Слушам дека и во Ладна валалница нешто слабо се работи! Скопска Европа профитираше на американскиот пазар со своите слатки за Нова година, а сега? Треба да се редат фирмите и понатаму? Дали Азески размислувал на оваа тема и дали за тоа предложил некакви разговори со Мицковски, кога веќе се фали со меѓусебните релации?, пишува Љубомир Костовски во анализата „ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија“.

*

„Зошто банките би имале интерес да даваат кредити на стопанствениците и да зависат од бизнис плановите на компаниите, кога вака можат да имаат добри профити со кредитирање на државата и граѓаните.

Тоа што становите не  можат да донесат додадена вредност освен на, шпекулативниот пазар на недвижности, изгледа не е во фокусот на програмите во кампањите на политичките партии. Еве сега ќе имаме таква кампања за локалните избори. Ќе имаме ли најава за политики поврзани со просторното планирање на градовите, достапни станови за младите и сл. Децата се повеќе имаат издолжени вратови гледајќи преку граница а постарите гледаат политички кампањи од кои тешко дека нешто ќе се реализира“, пишува Војо Маневски во колумната „Кучињата пуштени а камењата врзани“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ