• Latest

24 ЧАСА: Димитровска останува шефица на ДКСК, се чека правосилна пресуда; Србија мора да заслужи членство во ЕУ, децидна Кос; 76 деца во Газа починаа од глад

July 21, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Димитровска останува шефица на ДКСК, се чека правосилна пресуда; Србија мора да заслужи членство во ЕУ, децидна Кос; 76 деца во Газа починаа од глад

July 21, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Димитровска сè уште е шефица на Антикорупциска, иако има две обвиненија – едното за оддавање службени тајни, другото за фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат, Собранието чека правосилна пресуда за да ја разреши

Татјана Димитровска, сѐ уште е актуелна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која од април годинава се сомничи за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“. Соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 18-ти јули откри дека таа е обвинета за уште едно кривично дело. Собранискиот спикер Африм Гаши нагласи дека претседателката на ДКСК досега до Собрание нема доставено оставка. Потенцира дека иницијатива за разрешување на Димитровска треба да доаѓа од пратениците. Димитровска уште во текот на истрагата објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, бидејќи смета дека без судска пресуда, секој е невин. Од ДКСК информираат дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зајкова: ЛДП по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи

„Конечно после две години постојано говорење и борба имаме добра вест – гувернерот на Народната банка го прифати предлогот на ЛДП – да се намалат банкарските провизии и трошоци што со години ги празнат џебовите на граѓаните! НБРМ ги намали надоместоците на банките, сега е на ред ние да ги намалиме трошоците на граѓаните. На народот му наплаќаат за сè: за трансакции, за одржување сметки, за да си ги гледате парите на банкомат, па дури и за да ги извадите од банкомат! Огромни профити за банките, празни паричници за народот, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП во собранискиот прес-центар.

РЕГИОН

Србија мора да докаже дека заслужува членство во ЕУ

Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ.  Европската комесарка за проширување Марта Кос, зборуваше и за причините зошто знамињата на ЕУ не можат да се видат на студентските протести во Србија.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Косово без собрание и по 50 обиди за конституирање; Судот одреди 100 илјади евра отштета за поранешниот генерален директор на албанската државната полиција; Албанската „здравица“ прогласена за национално културно наследство

СВЕТ

Четиригодишно девојче почина од глад во Газа додека Израел го ограничува снабдувањето со храна

Четиригодишната Разан Абу Захер почина во болница во централна Газа од компликации предизвикани од глад и неухранетост, според медицински извор. Нејзиното скелетно тело било положено на камена плоча. Најмалку 76 деца во Газа починале од неухранетост од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, како и десет возрасни, соопшти палестинското министерство за здравство. Според Светската здравствена организација, повеќето од нив се случиле откако израелските власти воведоа блокада на почетокот на март.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите, дали е загрозен македонскиот идентитет?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мицкоски е еден од оние ликови што во секоја прилика се трудат да остават впечаток на самоувереност и непоколебливост. Многу се труди да ја увери публиката дека знае (за) што зборува, дека е подготвен и дека има идеја што понатаму. За жал, повнимателна анализа на тоа што го зборува и начинот на кој се изразува – ќе го открие обратното по сите три основи: не знае (за) што зборува, ни оддалеку не е подготвен и не покажал дека има идеја што треба да се направи по некое прашање, ниту во краток, ниту на долг рок (тоа па ич)“, пишува Џабир Дерала во денешното ES-PRESS-O „Филозофот Мицкоски“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ