• Latest

24 ЧАСА: Дополнителни 6000 денари за минималец бара ССМ; Украина нема да се откаже од своите територии; Политиката на Трамп ги носи САД во погрешна насока; ЦИВИЛ ќе биде домаќин на меѓународна конференција за Украина

March 3, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Дополнителни 6000 денари за минималец бара ССМ; Украина нема да се откаже од своите територии; Политиката на Трамп ги носи САД во погрешна насока; ЦИВИЛ ќе биде домаќин на меѓународна конференција за Украина

March 3, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари работодавачите од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата, како и дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари да биде задолжително и за работодавачите од приватниот сектор кои исплаќаат плата и над износот на минималецот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Нема шанси Украина да се откаже од своите територии

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за време на разговорот со новинарите на аеродромот Стенстед при завршувањето на неговата посета на Велика Британија, изјави дека нема шанси за територијални отстапки од украинската страна, нагласувајќи дека Украинците никогаш нема да ги признаат привремено окупираните територии како руски.

Тој нагласи дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски: „За нас ова ќе биде привремена окупација“.

РЕГИОН

Уапсена вработена во ОБСЕ -Косово за шпионажа, судот и одреди притвор од еден месец

Главните безбедносни и правосудни институции на Косово уапсија жена осомничена за шпионажа на граничниот пункт Јариње со Србија.

Според Специјалното обвинителство, косовската полиција и Косовската разузнавачка агенција (КИА), апсењето е извршено по неколкумесечни истраги. Осомничената Јелена Ѓукановиќ и припаѓа на српската заедница и е вработена во мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово

СВЕТ

Анкета на Си-Ен-Ен: Повеќето Американци сметаат дека политиката на Трамп ја носи земјата во погрешна насока

Според новата анкета на Си-Ен-Ен спроведена од SSRS, ставот на американската јавност за претседателствувањето на Доналд Трамп и правецот по кој  ја води земјата е повеќе негативен отколку позитивен, непосредно пред неговото прво формално обраќање во Конгресот по враќањето на функцијата.

Севкупно, 52% не го одобруваат настапот на Трамп на функцијата, а 48% го одобруваат, приближно исто како и во анкетата на CNN во средината на февруари. Анкетата беше завршена пред гневната размена во петокот во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и не го одразува јавното мислење за тој настан

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: На што се должи молкот на македонските политичари за ситуацијата меѓу САД-Украина-ЕУ-Русија?

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Проектот на Кушнер на албанската ривиера е „закана“ за италијанската Пулија; Бериша се појави во СПАК; Изброени и поштенските гласови во Косово; 750 косовски Срби ќе бидат употребени за дестабилизација на протестите во Србија

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Меѓународна онлајн конференција за војната, мирот, авторитаризмот и хибридните закани: „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

ЦИВИЛ ќе биде домаќин на меѓународната  онлајн конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, што ќе се одржи утре, 4 март.

Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.

На настанот се најавени 16 говорници од Северна Македонија, Украина, Германија, Молдавија, Ерменија, Обединетото Кралство, и САД.

Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ова е сторија за тоа како изгледа кога кукавиците ќе се сретнат со херои и за неверојатното непочитување кон Украина. Америка сега стои на крстопат: Ќе застане ли со Зеленски или ќе се сврти кон тираните? Или, со други зборови, во овој момент на борбата за слобода, изборот на Америка (и светот) е помеѓу демократијата или покорување кон тиранијата.“, пишува Џабир Дерала во колумната „ Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот“.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ