• Latest

24 ЧАСА: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра од унгарскиот заем; Владата не дава сигнал дека чекори кон членство во ЕУ, смета Дерала; лидерите на ЕУ на разговори за Украина

March 6, 2025
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра од унгарскиот заем; Владата не дава сигнал дека чекори кон членство во ЕУ, смета Дерала; лидерите на ЕУ на разговори за Украина

March 6, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем. Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Развојната банка соопшти дека денеска ја исплатила првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала во „24 анализа“: Досегашните чекори на Владата не даваат сигнал дека земјата вистински се движи кон членство во Европската унија

Во „новото нормално“, Македонија се придвижува уште подлабоко до режими кои се оценети како авторитарни. Сакаме да припаѓаме на семејство на држави во кои нема демократија, или демократијата е под закана, во кои владее една „цврста рака“ на мал круг на луѓе, многу ниска политичка култура и изборни манипулации колку што сакате. Јасно е дека оваа власт знае дека не може да го исполни тоа што го вети. Ако внимателно се анализираа предизборните наративи, ќе беше очигледно дека нема да има напредок во евроинтеграциите – и токму тоа се случува. Настаните во ОН покажуваат дека кога е клучно, Владата се води од туѓи интереси, а не од сопствените изјави, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

РЕГИОН

Генералите на БиХ до Марк Руте: Александар Вучиќ и Милорад Додик се закануваат дека ќе ја распаднат БиХ

Здружението на генерали на Босна и Херцеговина испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод актуелните настани во земјата и нападот врз уставниот и правниот поредок пред неговото посета на БиХ. Во писмото, генералите ја нагласуваат долгорочната посветеност на Босна кон западните и НАТО вредности, осудувајќи ги обидите на Србија и Република Српска да ги гонат официјални лица на НАТО за нивните минати интервенции.

СВЕТ

Лидерите на ЕУ на разговори за Украина во Брисел, додека континентот е на „пресвртница на историјата“

Лидерите на ЕУ се собраа денес во Брисел на специјален совет за одбрана, бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека континентот е на „пресвртница на историјата“. Како и за повторно вооружување, лидерите разговараат за тоа како ова тело може дополнително да го поддржи Кијив наспроти најавата на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот дека ќе ја прекине помошта за Украина. Украинскиот претседател Володими Зеленски е на самитот.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како влијае покачувањето на струјата на семејниот буџет?

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Минималната плата треба да се зголеми овој месец. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата, пишува Дехран Муратов во „Минимална плата од 500 евра: Работниците се борат за корка леб – политичарите за гола политика!“.

Подготви: Б. Јордановска

 

 

Tags: владаДневникЕУ членствоминимална платаунгарски заем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ