• Latest

24 ЧАСА: Изгласана интерпелацијата за јавниот обвинител Коцевски; Граѓани со дозвола за оружје може да купуваат муниција без одобрение; Израелски групи ја обвинија државата за геноцид во Газа

July 29, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Изгласана интерпелацијата за јавниот обвинител Коцевски; Граѓани со дозвола за оружје може да купуваат муниција без одобрение; Израелски групи ја обвинија државата за геноцид во Газа

July 29, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Собранието ја изгласа интерпелацијата за Љупчо Коцевски

Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица.

Собранието изгласа и заклучок – Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Граѓаните кои имаат оружје можат директно да набавуваат муниција, без претходно одобрение

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека е реализирана „уште една суштинска промена“  во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција, информираше Тошковски.

РЕГИОН

Албанија успешно го заврши циклусот на известување со Европската комисија за поглавјата 23 и 24

Албанија успешно го заврши циклусот на известување со Европската комисија за поглавјата 23 и 24 соопшти  денес албанскиот министеро за правда Улси Мања, кој преку објава на социјалните мрежи подвлече дека Албанија „докажа дека владеењето на правото се гради со секојдневна работа, институционална соработка и опипливи резултати“.

СВЕТ

За прв пат, две водечки израелски групи за човекови права го обвинија Израел за геноцид во Газа

Две водечки израелски групи за човекови права го обвинија Израел за „вршење геноцид врз Палестинците во Газа“, станувајќи првите такви организации што го изнесоа ова тврдење.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

АНАЛИЗА

„Лажните тврдења на екстремно десничарската конгресменка на САД, како по обичај наидоа на плодна почва во медиумите кои се дел од српско-рускиот свет, заедно со нивните приврзоци во Северна Македонија.

Традиционално, српските проруски медиуми, како Спутник во текстот „Американската конгресменка порача: Зеленски не сака мир, тргнете го“  и Политика – „ Американска конгресменка: Зеленски е диктатор, САД мора да престанат да го финансираат“ ги прифатија лажните тврдења на Грин, дополнувајќи ги со типичните руски наративи за Зеленски како шеф на „кијивскиот режим“, прочитајте во анализата на Драган Мишев во соработка со ЦДМТ „Лажните тврдења за протестите во Украина и српско-руските пропагандни наративи во медиумите во Северна Македонија“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Откако неговиот претходник Груевски ни го продаде Барокот, сега неговиот наследник, Мицкоски, се навраќа на ренесансата. Ем го продолжува делото на неговиот ментор, ем со изборот на епохата како да сака да каже дека тој е веќе пред него.“, пишува Драган Мишев во колумната „Груевски со Барок, Мицкоски со ренесанса, Македонците со 395 евра минимална плата во рококо“

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ