Скандалот на Канал 5 ја разбрани јавноста
По синоќешното скандалозно издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во кое директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, се вклучи во живо и го избрка од емисија гостинот Исмет Рамадани, граѓанки и граѓани, интелектуалци и новинари се огласија со свои ставови за инцидентот.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи и Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА , излезе со соопштение во кое најостро го осудуваат актот на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој, со упад во програмата, во емисијата „Само вистина“ и со директни и груби изрази, го избрка од студиото гостинот Исмет Рамадани, угледен интелектуалец, поранешен пратеник и актуелен советник во владата, и прв човек во Евроатлантскиот совет.
„За овој акт и слични практики, мора да се поднесе одговорност. Најмалку што треба да се случи сега е гостинот Рамадани, но и целата јавност, да добијат извинување од редакцијата на емисијата и од Канал 5, а управителот да поднесе оставка.
Институциите, регулаторните и саморегулаторните тела имаат обврска и мандат најостро да го осудат ова однесување, и да го санкционираат.“, се наведува меѓу другото во соопштението.
ЦИВИЛ ја повика јавноста решително и остро да ги осуди сите што се обидуваат да предизвикаат поларизација и меѓуетнички тензии.
ЗНМ, ССНМ, СЕММ и АВМУ во соопштенија за јавноста изразија сериозна загриженост во врска со оваа интервенција, бидејќи директно го нарушува принципот на уредувачка независност што е камен-темелник на независното новинарство, и дека медиумите треба да бидат простор за отворена дебата, место каде ќе се изнесуваат различните мислења и ставови (и позитивни и негативни) на учесниците во интервјуа, дискусии и други емисии.
На социјалните мрежи беше забележителна активноста во овој правец, а во ЦИВИЛ пристигнаа бројни реакции од јавни личности кои јасно и остро го осудија актот Мирчевски.
Сарачини: Цензура и кршење на слободата на говор
Љубчо Георгиевски со иронија: Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат
Земон: Национален медиум не смее да промовира ваков волунтеризам на директор на медиум!
Мехмети: Мирчевски е ноторен лажго и опасен манипулатор, и е срам за новинарската фела
Целакоска: ВАЖНО Е! медиумите да бидат слободни да реализираат нарачки на ВМРО-ДПМНЕ
ЦИВИЛ денеска одржа Отворено студио во живо, на кое за своите гледишта за синоќешниот инцидент ги изразија поранешниот претседател на ЗНМ и новинар Насер Селмани, аналитичарот Љубомир Костовски, новинарот Зоран Иванов и Петрит Сарачини од ИМА.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руските пропагандистите направија видео користејќи снимки од различни веб-страници. Руските Телеграм канали споделија видео кое се обидоа да го пренесат како мотивационо видео од украинските вооружени сили.
Претставникот на земјата агресор, Русија, со небулозни и контрадикторни изјави дели лекции во ОН
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија.
МАТУРА Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура.
ЕВАКУАЦИЈА Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.
СВЕТ
Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија во Газа загинаа 195 луѓе
УНИЦЕФ: Убивањето деца во Појасот Газа не може да стане новото нормално
ЗЕЛЕН ФОРУМ
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми – Албански медиуми: Специјалното обвинителство продолжува со рациите во Косово; Рударите и Специјалните единици на протести; албанското собрание како „бојно поле“; кредити на „жимимајка“
СЛОБОДНА ЗОНА
„Шалабајзер е одлика на човек кој не се однесува одговорно и сериозно, најчесто на своето работно место, а сака да го ужива секој момент без водење на сметка за последиците утре. Или како во песната – како никогаш да нема да дојде тоа утре.“, пишува Војо Маневски во колумната „Шалабајзери“.
„Незнаење, простотилак, грубијанство и насилништво се главните карактеристики на актот на директорот на ТВ Канал 5 кој изврши дрзок и непримерен упад во емисијата „Само вистина“ и буквално (!) го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Неговиот дивјачки и навредлив настап беше преполн со омраза и презир, а со флоскулите за меѓуетничките односи успеа само да ги открие своите длабоко националистички позиции“, пишува Џабир Дерала во колумната ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации.
Подготви: Д. Тахири