• Latest
фото: ВИ

24 ЧАСА: Kамен темелник за ветерен парк кај Штип; МВР бара 150 непартиски полицајци; ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија

July 16, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Kамен темелник за ветерен парк кај Штип; МВР бара 150 непартиски полицајци; ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија

July 16, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Почна изградбата на 55 ветерници кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони денари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

– Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид, рече Колдерон.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

МВР распиша оглас за 150 полицајци

Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука.

-Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец.

РЕГИОН

Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај за руските кампови за обука на паравоени единици од Молдавија

Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај поврзан со руските кампови за граѓани на Молдавија, беше потврдено за Детектор, но не понуди повеќе детали за досегашните резултати, објави Данас. Оваа информација ја откри Детектор за време на заедничко истражување со молдавскиот CU SENS, кое наскоро ќе биде објавено со претходно непознати детали, заедно со откривање на идентитетот на учесниците.

СВЕТ

ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија

Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите. Центарот, наречен ФАКТ, ќе ги открива и анализира манипулативните и дезинформациски кампањи, особено по потекло од Русија, а во тие рамки ќе ги следи и состојбите во Молдавија во пресрет на есенските парламентарни избори, со цел да придонесе за обезбедување на интегритетот на изборниот процес.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за улогата на медиумите во изборите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сите имавме свои дворови и градини со овошје, ама редовно ќе се послужевме и со понекое овошје од туѓите градини, како и други деца, но понекогаш и возрасни. Речиси секојпат ни беше срам што “крадевме” по две три кајсии, праски или гроздови, до толку што еднаш ги оставивме праските под дрвото од кое ги скинавме, демек еве ги вративме.

Детска логика, чиста, без трунка злоба… Сите ние (што крадевме овошје) пораснавме и еве веќе старееме со длабоко чувство на лична одговорност и прекор, во добри родители и општествено свесни индивидуи. Деца на уште подобри родители.

Се прашувам како растеле сите овие лопови, што е причината за толкава алчност и нечовечност? Многу се, пола држава!“, пишува Дијана Тахири во колумната „Многу лопови, пола држава“!

*

„Нашата земја изгради пропаганден систем што сантиметрите ги претвора во километри – во секоја област.

Буквално сите што некогаш седнале на фотелја во изминатите десетина години, сосе оној во Будимпешта, се грабаат за заслугите – дека тие изградиле делница од патот што просечен човек пешки ќе го помине за 4 часа. Другар ми Јане рече дека може да го помине и за помалку.

Луѓе, се работи за неполни 20 километри пат. За кој политичарите од сите ќошиња на политичкиот спектар се фалат дека го изградиле. Мислиш дека самите земале казми, лопати, багери и камиони, па го граделе 11 години“, пишува Џабир Дерала во колумната „Мини‑делница, макси‑пропаганда“.

Д. Муратов

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ