• Latest

24 ЧАСА: Коинциденција или тактизирање-поевтинувањето на производите се совпаѓа со Светскиот ден за социјална правда; На Додик му се заканува затворска казна и забрана за политичка работа; Пенс контра Трамп за војната во Украина

February 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на Инстаграм профилот pureviralvideousa

Еоган Мекејб вети 500.000 долари, Илон Маск ќе донира уште 1 милиони долари за мурали во чест на украинската бегалка Ирина Заруцка убиена во Северна Каролина

September 12, 2025

ЈП Дрисла: Не сме одговорни за загадувањето, се сомневаме во политички мотивирани потпалувачи

September 12, 2025
Фото: амбасада на рф/Фејсбук

(ЕКСКЛУЗИВНО) Осуетен обидот на рускиот амбасадор да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава

September 12, 2025

ВМРО-ДПМНЕ ја формализира коалицијата „Твоја Македонија“ со која ќе настапи на локалните избори

September 12, 2025

Од Скопје до Москва – „независниот“ кандидат Јовановски со кремљовска агенда

September 12, 2025

На санкции со санкции- Додик бара поддршка од Москва

September 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија ја доби првата дигитална министерка Диела; Тензии на првата седница на албанското собрание; Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Коинциденција или тактизирање-поевтинувањето на производите се совпаѓа со Светскиот ден за социјална правда; На Додик му се заканува затворска казна и забрана за политичка работа; Пенс контра Трамп за војната во Украина

February 20, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Од денеска започнува мерката за поевтинување на над 1000 производи

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите.

На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде изразија загриженост и побараа повторно средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки.

Дел од маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава.

Иако согласно одлуката од денеска се очекуваше да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во пракса во маркетите не се гледа некое забележително намалување на цените на производите.

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи.

Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од 500 до 10.000 евра, а сите неправилности може да се пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Светски ден на Социјалната правда, коинциденција или тактизирање со мерките, ЦИВИЛ посочува

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, активна 25 години, го одбележува овој ден повеќе од една деценија, и денеска излезе со соопштение во кое, според организацијата, инклузијата, како тема на глобално ниво, никогаш не била под поголема закана.

„Ултра богатите и олигархијата се во поход да станат уште побогати од било кога, влијаат врз политиката и ги поддржуваат ултра десничарските структури насекаде низ светот. Тие се опасна закана за социјалната правда, демократијата и човековите права и слободи, дури и во земји со силна демократска традиција и социјална правда.

Северна Македонија е сиромашна држава во која социјалната правда, наспроти популистичките декларации на политичките елити, се наоѓа на последното место. Политичарите и власта дебатираат за промена на државниот грб и химна, дури и не кријат дека тоа им е приоритет, додека луѓето гладуваат. А промената на државниот грб ќе значи и дополнителен трошок, затоа што ќе треба да се менуваат и личните исправи.

Јавноста е сведок на тоа како власта тактизираше и одолговлекуваше да спроведе мерки за заштита на животниот стандард, за денес, токму на Меѓународниот ден на социјалната правда, да стапи мерката за замрзнување на цените на производите, откако цените претходно вртоглаво пораснаа.“, се наведува меѓу другото во соопштението од ЦИВИЛ.

РЕГИОН

Обвинителството на БиХ бара на Додик да му се забрани политичка дејност за  10 години и затворска казна

Обвинителството на Босна и Херцеговина побара Додик да биде казнет со затворска казна која е поблиска до максималната од минималната предвидена за ова кривично дело и 10-годишна забрана за политичка работа.

СВЕТ

Поранешниот потпретседател на САД, републиканецот Мајк Пенс контра Трамп: Господине претседателе, Украина не ја почна оваа војна

Поранешниот потпретседател на САД во првиот мандат на Трамп, и републикански сенатор Мајк Пенс во средата го нападна својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, поради неговите коментари за Украина и Русија.

Господине претседателе, Украина не ја „почна“ оваа војна. Русија започна неиспровоцирана и брутална инвазија која однесе стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради на вистината.

АЛ-Прес

Во Европскиот парламент денеска на дневен  ред и нацрт извештајот за Косово, во кој се бара отстранување на мерките воспоставени од ЕУ, известуваат косовските медиуми.

Во Албанија, СПАК најави истраги за изборен криминал, за што албанскиот премиер Еди Рама се спротивстави со тврдење дека не може да има истраги на партиите за време на изборна кампања. Во меѓувреме, од ЕУ порачуваат дека не смее да има политичко мешање о работата на СПАК.

Во денешното издание на АЛ-Прес одбравме колумна од косовскиот автор и аналилитчар, Енвер Робели, во која се осврнува на Минхенската безбедносна конференција и реакциите на европските политичари по неа.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за замрзнувањето на цените?

СЛОБОДНА ЗОНА

Влегува Јане во редакција утрово и прашува – „Што? Трамп уште не ја нападнал Украина?“ Не, му велам, ќе нападне кога ќе добие команда од шефот, Путин. Овој утрински редакциски црн хумор се надоврза на еден разговор од претходната вечер, кога една универзитетска професорка ми кажа дека трампистите треба да го сменат натписот на своите капи во МРГА – Направете ја Русија величествена повторно (Make Russia Great Again), погледнете го видеото и прочитејте  во ЕС-ПРЕССО- то од Џабир Дерала, „Капата на Трамп: MRGA – Make Russia Great Again“.

„Најчесто за социјална правда зборуваат и одлучуваат оние кои имаат брендирана облека и чевли, полн стомак и новчаник.

Лесно е да одлучиш да не се зголеми минималната плата ако имаш 2.000 евра плата + патни трошоци и дневници од разно-разни Комисии или патувања во странство.

Лесно е да не изгласаш да се купат нови автобуси во Скопје кога користиш службен автомобил или работата ти е на 5 минути пешки, па не знаеш како е да смрзнуваш на автобуските станици, до душа и во автобусите (кога ќе дојдат) редовно нема парно греење.“, пишува Дехран Муратов во колумната „А за стомакот ќе се зборува ли!?“.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ