• Latest
Photo: AI-assisted illustration by Sadek Ahmed (UN.org)

ЦИВИЛ: Олигархијата е закана за социјалната правда, демократијата и човековите права; власта се занимава со грбот и химната, додека луѓето гладуваат

February 20, 2025

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ЦИВИЛ: Олигархијата е закана за социјалната правда, демократијата и човековите права; власта се занимава со грбот и химната, додека луѓето гладуваат

February 20, 2025 13:21
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo: AI-assisted illustration by Sadek Ahmed (UN.org)

Photo: AI-assisted illustration by Sadek Ahmed (UN.org)

Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 20 февруари 2025, Светски ден на социјалната правда

Темата на Светскиот ден на социјалната правда[1] во 2025 година е „Зајакнување на инклузијата: премостување на празнините на социјалната правда“, фокусирајќи се на важноста на инклузивните политики и социјалната заштита во управувањето со систематската нееднаквост.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, активна 25 години, го одбележува овој ден повеќе од една деценија. Според организацијата, инклузијата, како тема на глобално ниво, никогаш не била под поголема закана.

Ултра богатите и олигархијата се во поход да станат уште побогати од било кога, влијаат врз политиката и ги поддржуваат ултра десничарските структури насекаде низ светот. Тие се опасна закана за социјалната правда, демократијата и човековите права и слободи, дури и во земји со силна демократска традиција и социјална правда.

Северна Македонија е сиромашна држава во која социјалната правда, наспроти популистичките декларации на политичките елити, се наоѓа на последното место. Политичарите и власта дебатираат за промена на државниот грб и химна, дури и не кријат дека тоа им е приоритет, додека луѓето гладуваат. А промената на државниот грб ќе значи и дополнителен трошок, затоа што ќе треба да се менуваат и личните исправи.

Политичките елити се занимаваат со животниот стандард и за сите останати прашања поврзани со социјалната правда само кога се пред камерите. Нивните зборови не се ништо повеќе од празни ветувања на кои забораваат веќе во следната минута.

Јавноста е сведок на тоа како власта тактизираше и одолговлекуваше да спроведе мерки за заштита на животниот стандард, за денес, токму на Меѓународниот ден на социјалната правда, да стапи мерката за замрзнување на цените на производите, откако цените претходно вртоглаво пораснаа.

Земјата е дом на екстремно богати и екстремно сиромашни, каде што граѓанките и граѓаните се лишени од основните социјални права, ако немаат пари или ако не се заштитени од партиски структури, непотизам или клиентелизам.

Кршењето на работничките права, невработеноста, очајно лошиот систем за здравствена заштита, ниските пензии, ветените, а неостварени мерки за социјална сигурност на хонорарците, и сите можни облици на корупција се егзистенцијални проблеми кои со децении не се решаваат.

Потребно е решително, сеопфатно и системско решавање на проблемите во доменот на социјалната правда за да се почувствуваат промените. Но тоа остануваат само празни повици, бидејќи тие што се одговорни повеќе труд и јавни пари вложуваат во пропаганда, отколку во конкретни мерки, политики и практики.

Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ постојано ја алармира јавноста и институциите за тешките состојби во сферата на социјалната правда, во кои спаѓаат социјалната заштита, здравството, образованието, работничките права, маргинализираните и дискриминираните заедници, и низа други. Колкав и да е трудот на институциите да ја надминат социјалната неправда, да се справат со сиромаштијата, сепак, социјалната и економска исклученост, дискриминацијата, невработеноста, катастрофалното здравство и образование влеваат страв и неизвесност кај граѓанките и граѓаните за тоа како дали и како ќе преживеат до следниот ден.

ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда во надминување на сиромаштијата со инклузија, а не маргинализација на социјално ранливите категории. ЦИВИЛ бара од институциите и надлежните органи одговорност кон секој поединечен човечки живот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода


[1] Генералното собрание на Обединетите нации на 26 ноември 2007 година одлучи да се забележи 20 февруари како Светски ден на социјалната правда, посветен на социјалниот развој, солидарноста, еднаквоста и хармонијата како темелни вредности во постигнување на социјалната правда, „општество за сите“, со еднакви можности за секого.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ