ВЕСТ НА ДЕНОТ
Комисијата за европски прашања го поддржа предлог законот за правда на децата
„Со осум гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска дадоа поддршка да помине во понатамошна собраниска процедура Предлог законот за правда на децата.
Државниот секретар во Министерството за правда, Муамет Точи изјави дека со предложениот закон, направен е исчекор во додефинирање на начелото на најдобриот интерес на детето согласно Општиот коментар бр.24 на Комитетот за правата на детето и вградени се одредби за недискриминација согласно Законот за превенција и заштита од дискриминација.“
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Џафери: Не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите
„Мојот став е дека не треба да има буџетски пари за реклами во смисла на предизборието. Но, ќе одите во вашите куќи да прашате зошто инсистираат токму на тој закон. Пак ќе бидам обвинет, тоа си го знам, меѓутоа ставот мој е дека не треба буџетски пари да има за таа работа“, изјави техничкиот премиер Талат Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Зеленски: Руските сили го користат доцнењето на помошта за Украина
*
Мадиќ-Банчук во Загреб: Даваме поддршка на враќање на мирот во Украина и заштита на меѓународниот поредок
*
Украина на 20-ти февруари го одбележува Денот на Хероите на Небесните Стотина (или како што ги викаат Украинците „Небесна сотња“) во согласност со Претседателската одлука од 2015 година „За почитување на херојството на Револуцијата на Достоинството и овековечување на споменот на Хероите на „Небесните Стотина“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КАНДИДАТУРИ Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија.
ПАСОШИ Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија.
ЕКОНОМИЈА Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари.
СВЕТ
Подготовките за мартовскиот Самит на ЕУ и владеење на правото во Полска теми на Советот за општи работи.
*
Телото на Алексеј Навални ќе биде задржано две недели на „хемиска анализа“, изјави семејството на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, откако наводно им било кажано дека неговото тело нема да биде пуштено две недели.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот: Во Тирана протест на опозицијата; албанскиот Уставен суд ја обзнани одлуката за договорот со Италија; 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“…
СЛОБОДНА ЗОНА
„Целосен молк. Прегласна тишина која покажува колку (не) им значи поддржувањето на нивниот руски колега во борбата за човекови права и неговото повеќегодишно малтретирање, труење, апсење , газењето на неговите човековите права, што на крајот резултираше со неговата режирана смрт.
Дали во своите буџети немаат предвидено ставка за поддршка за борците за човекови права кои се репресирани низ светот, па откако за тоа не им легнаа средства од донаторите на нивните сметки, па проценија дека, ако е бесплатно, нема потреба да се организираат, ниту пак да се приклучат на повикот за протест против виолаторите на човековите права, па решија дека е подобро да си го испијат кафенцето на раат во удобните канцеларии или околните кафулиња.“, пишува Драган Мишев во колумната „Смртта на Навални невидлива за македонската интелектуална и невладина сцена“.
„Не е техничка туку е преодна, не се технички туку се преодни но сеедно зашто се покажува дека и оваа, како и претходната, е со истите пржински манири, дека ниту им е до обврските премиерски и министерски, ниту до државата, до граѓаните ич и, наместо за работа, пак си се фатиле за медиумите…“, По допрен глас: Да го фаќаме џадето за ЕУ зашто и со овие – маф ни е, од Зоран Иванов.
Подготви: Д. Тахири