• Latest

Албански медиуми: Во Тирана протест на опозицијата; албанскиот Уставен суд ја обзнани одлуката за договорот со Италија; 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“

February 20, 2024
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Во Тирана протест на опозицијата; албанскиот Уставен суд ја обзнани одлуката за договорот со Италија; 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“

February 20, 2024 10:06
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска ќе се одржи протест на опозицијата, пред кабинетот на премиерот. Протестот ќе се одржи без физичко присуство на поранешниот премиер Сали Бериша, кој е во „куќен притвор“ под обвинение за „корупција“, известуваат албанските медиуми.

Со обемен документ од 43 страници, Уставниот суд на Албанија  го аргументираше зеленото светло што го даде на договорот со Италија за имигрантите.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: Во Тирана протест на опозицијата, над 1000 полицајци на терен

Протестот на опозицијата денеска ќе се одржи на булеварот „Дешморет е Комбит“ пред кабинетот на премиерот.

Протестот го свика поранешниот премиер Сали Бериша и е поддржан од членовите на „Ритемелим“ и групата Газмент Барди, но не и од официјалната ПД предводена од Лулзим Баша.

Собирот се очекува да започне во 17:30 часот и ова е прв национален протест по неколку месеци.

Протестот ќе се одржи без физичко присуство на поранешниот премиер Сали Бериша, кој е во „куќен притвор“ под обвинение за „корупција“ во случајот со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пренесе Еуроњуз.

Топ Чанел: 33 години од падот на бистата на диктаторот Енвер Хоџа

Пред 33 години, на 20 февруари 1991 година, десетици илјади граѓани се кренаа  да го урнат симболот на комунизмот, неколку месеци откако стариот режим, кој ги живееше последните денови, дозволи политички плурализам.

Падот на бистата на комунистичкиот диктатор, Енвер Хоџа, беше поттикнат од штрајкот со глад што го презедоа неколку стотици студенти, за да го тргнат неговото име од универзитетот.

20 февруари е прогласен како ден на национално сеќавање на мачениците и жртвите од комунистичкиот режим. Всушност, тоа го означи и крајот на диктатурата во Албанија, пренесе Топ Чанел.

Клан: Уставниот суд ја појаснува одлуката за договорот со Италија

Со обемен документ од 43 страници, Уставниот суд го аргументираше зеленото светло што го даде на договорот со Италија за имигрантите.

Спротивно на она што опозицијата го тврдеше во својата претставка, Уставниот суд  вели дека територијата на Република Албанија не е нарушена, се додека не се менуваат нејзините граници, пренесе Клан.

КОСОВО

Сури – Курти: Нема датум за средба во Брисел, разговаравме за темите кои се дел од дијалогот

„Разговаравме за темите на дијалогот и важноста на потпишувањето на договорот, но не ми е кажано дека ќе има покана за средба на високо ниво во Брисел“, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Тој додаде дека нормализацијата мора да се направи, но тоа не може да се постигне еднострано, и го повтори ставот дека Косово има добри односи со Соединетите Американски Држави, пренесе Сури.

Зери: 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“

Преку штрајк, кој траеше осум дена, рударите ги бараа своите уставни права и протестираа против одземањето на автономијата на Косово загарантирана со Уставот на Социјалистичка Југославија од 1974 година.

Во тоа време штрајкуваа 1.300 рудари, чија цел беше заштита на автономијата на Косово.

Бидејќи рударството претставуваше важна димензија за економијата на земјата, кога рударите решија да штрајкуваат со глад, економскиот живот беше речиси целосно затворен, пренесува Зери.

КОЛУМНА

Коха: Криминалот, политиката и фудбалот во Србија

Пред две години, кога речиси на целиот свет му беше јасно дека Русија ќе ја нападне Украина, еден српски таблоид на својата насловна страница со големи букви објави: „Украина ја нападна Русија!

Во пресрет на втората годишнина од нападот на Русија против Украина, руските медиуми со триумфални тонови објавија дека навивачите на „Црвена ѕвезда“, фудбалскиот шампион во Србија, за време на натпревар вееле руски знамиња и скандирале: „Русите и Србите се вечни браќа“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Криминалот, политиката и фудбалот во Србија“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ