• Latest
Рамиз Мерко, Струга и околината, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

24 ЧАСА: Кривичен ненадлежен ни за Мерко; Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, смета Ордановски; протестите се користат за дневно-политички цели

March 6, 2024
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Кривичен ненадлежен ни за Мерко; Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, смета Ордановски; протестите се користат за дневно-политички цели

March 6, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Рамиз Мерко, Струга и околината, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

Рамиз Мерко, Струга и околината, 2 окт. 2021, непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кривичен суд ненадлежен за случајот со Рамиз Мерко, предметот ќе го прати во судот во Струга

Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се огласува за ненадлежно по предметот против обвинетиот Рамиз Мерко од Струга за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и предметот ќе го достави за постапување во Основниот суд Струга.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Орданоски: Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, сите други се десничари, националисти до најдесничарската Левица

„Практично заврши кругот на официјално собирање на потписи и сега имаме јасни седум кандидати, од кои двајца Таравари и Османи, ќе трчаат на каузата на етнички Албанци, а од другите пет кандидати, со се двајцата од етничките Албанци, Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, лева, центристичко-лева опција. Сите други се десничари, националисти, кој повеќе, кој помалку, до оваа најдесничарската партија која се продава под името Левица, која има најрадикални погледи на свет“, рече Сашо Орданоски

ФЛЕШ ВЕСТИ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОТЕСТИ Техничкиот премиер во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели…

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Во 2022 година се бележи пораст за 61% на пријавите за семејно насилство во споредба со 2018 година. 92% од сторителите се мажи, а 80% од жртвите најчесто се жени

 САНКЦИИ САД  Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Северна Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции …

СУПЕР ВТОРНИК Супер вторникот не беше толку супер оваа година поради мноштво предвидливи резултати, но имаше неколку изненадувања и некои предупредувачки знаци …

БОРБА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ Следната Европска комисија треба да има портфолио за борба против дезинформациите, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин го користи како оружје за слабеење на демократијата со поттикнување недоверба во ЕУ…

ОТВОРЕН БАЛКАН Максимум до 30 дена трае таа проверка и се издава сертификатот. Со тоа по автоматизам граѓанинот добива две години дозвола за престој, во кои има право да бара работа во соодветната држава…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Руската влада сокрила податоци за примателите на услуги за социјална поддршка во 2022 година, најверојатно за да ги прикрие жртвите претрпени во првата…
  • Кулеба, МНР на Украина: Не ја повторувајте лагата дека „Русија нападнала затоа што Украина сакала да влезе во НАТО“ – тоа не соодветствува со фактите…

КОНФЛИКТИ

      • ЕК создава поморски хуманитарен коридор за поддршка на населението во Газа

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал во Тирана, денеска ќе се одржи рочиште за поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, за трагедијата со експлозијата во Грдец.

Косовските медиуми ја пренесоа анализата на германски „Дие Велт“, за состојбите во Косово по нападот во Бањска, односно, за загриженоста на Берлин и европските престолнини.

ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Две години херојство на Украина: Значаен настан кој ги одбележа храброста и гордоста и го упати погледот кон иднината

„Украина- две години хероизам“  е насловот на годинешната мултимедијална конференција што се одржа на 26 февруари, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ- Центар за слобода, во Музејот на македонската борба за независност.

Мултимедијалниот настан собра на едно место голем број дипломати од целиот свет, македонски политичари и интелектуалци, кои со своите обраќања ја потврдија безрезервната поддршка за Украина и украинскиот народ, и му порачаа на светот дека поддршката во секаква форма ќе продолжи до крајот на војната.

Лудва: Не постои компромис помеѓу вистината и лагата и треба да сме свесни за тоа, ние знаеме кој е окупаторот

Чешката Република им се придружи на 14 други земји во потпишувањето на Договорот за формирање нова коалиција која ќе се фокусира на интегрираните воздушни и ракетни одбранбени способности, изјави во своето обраќање амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на конференцијата „Украина – две години хероизам“.

Висоцки: Украинците се борат и за нашата слобода

Она што овде сведочиме е она што Русија го направи бидејќи се обиде да го смени светскиот поредок и тоа беше еден предизвик кој што ги пречекори основините принципи на човештвото. Полска уште од првиот ден пружа воена и хуманитарна помош на Украина, изјави Пјотр Висоцки, првиот советник на амбасадорот на Полска на конференцијата „Украина – Две години хероизам“.

Граф: Поддршката за Украина не е само фраза, туку и реална помош од страна на Германија

Поминаа две години од руската инвазија врз Украина. Оваа војна не е само напад врз една земја туку врз нашите заеднички вредности и европската безбедност,изјави во своето обраќање В.Д амбaсадорот на Германија во Република Северна Македонија, Ото Граф, на големата конференција  „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Дамбраускине: Руската агресија врз Украина е најсериозната закана за глобалната безбедност и стабилност

Литванија ја знае цената на слободата. Повеќе од 50 години советска окупација, масовните депортации од татковината, политичкото и религиозното угнетување, ограничувањата на човековите права не успеаја да ја задушат нашата желба за независност, слобода и правда, изјави литванската амбасадорка Вилма Дамбраускине во своето обраќање на конференцијата „Украина- две години хероизам“.

Ларсон Јаин: Шведска ќе продолжи со помошта кон Украина, бидејќи вашата кауза е и наша

Шведска дава безрезервна поддршка на битката на Украина за враќање на мирот и демократските вредности како и нејзиното членство во Европската унија, истакна амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин во своето обраќање на мултимедијалната конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.

 АНАЛИЗИ

Според Тајмс, Трамп се сретнал со Маск – еден од најбогатите луѓе во светот – и со голем број богати републикански донатори во неделата и се надева дека наскоро ќе има дискусија еден на еден со Маск, извршен директор на Tesla Inc и SpaceX. и сопственик-извршен претседател на X, платформата за социјални медиуми порано позната како Твитер, кој откако ја купи платформата во октомври 2022 година,   ја врати сметката на Трамп откако предходно на поранешниот претседател му беше забрането да се појавува на платформата по нападот на Капитол на 6 јануари, одлука за која Маск претходно сугерираше дека е грешка. Трамп, чие лично богатство неодамна почна да се тенчи од пресудите против него во случајот за граѓанска измама во Њујорк и одвоеното судење за клевета, има за цел да обезбеди дополнителни главни придонесувачи во неговата кампања за претседател, пишува Драган Мишев во анализата „Трамп, во потрага по пари за кампањата, се сретна со Илон Маск“.

СЛОБОДНА ЗОНА

За време на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова, на трибините и пред салата , како и пред гласачките кутии, можеа да се забележат неколку „ислужени“ членови кои треба да го претставуваат „новото“ лице на партијата, освежувањето што го вети лидерот , шпицниот градоначалник и татиниот асистент, Христијан Мицкоски. Еве, мала галерија со „новите“ лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ, пишува Драган Мишев во колумната „(ГАЛЕРИЈА) Да не биде „не сте знајали“, после гласање џабе ви е каење“

Подготви: Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиГодини на хероизмотдезинформацииизјавиконфликти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ