• Latest
Конференција „Украина-две години хероизам“, 26 февруари 2024 година
фотографија - Б. Јордановска /ЦИВИЛ

Две години херојство на Украина: Значаен настан кој ги одбележа храброста и гордоста и го упати погледот кон иднината

March 4, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Две години херојство на Украина: Значаен настан кој ги одбележа храброста и гордоста и го упати погледот кон иднината

March 4, 2024 16:07
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Конференција „Украина-две години хероизам“, 26 февруари 2024 година
фотографија - Б. Јордановска /ЦИВИЛ

Конференција „Украина-две години хероизам“, 26 февруари 2024 година фотографија - Б. Јордановска /ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Украина- две години хероизам“  е насловот на годинешната мултимедијална конференција што се одржа на 26 февруари, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ- Центар за слобода, во Музејот на македонската борба за независност.

Конференцијата се одржа по повод две години од почетокот на руската воена агресија врз Украина, и е единствена од овој формат.

Мултимедијалниот настан собра на едно место голем број дипломати од целиот свет, македонски политичари и интелектуалци, кои со своите обраќања ја потврдија безрезервната поддршка за Украина и украинскиот народ, и му порачаа на светот дека поддршката во секаква форма ќе продолжи до крајот на војната.

Конференцијата се одржа во две сесии, од кои, на првата со свои обраќања говореа македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир, кои воедно и беа првите говорници. На првата сесија говореа премиерот Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за добро владеење Славица Грковска, министрите за надворешни работи и одбрана,  Бујар Османи и Славјанка Петровска, заменик омбудсманот, пратеничката Арта Билали Зендели.

Во втората сесија на конференцијата говореа дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

Поставени беа и две изложби, „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии. На конференцијата се промовираше и втората книга од претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, под наслов „Украина- години на хероизмот.

Учесниците на конференцијата едногласно ја изразија поддршката за Украина и Украинскиот народ, со порака дека ќе опстојат на поддршката и солидарноста се до крајот на војната.

СЕСИЈА 1 – Политичкиот врв на Северна Македонија и Н.Е. Амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Конференцијата со свое обраќање ја отвори претседателот Стево Пендаровски, во кое ја изрази целосната поддршка за Украина, и порача дека Северна Македонија ќе биде на вистинската страна се додека не настапи мирот кој ќе биде по мерка на пријателскиот украински народ.

Украинската Амбасадорка Лариса Дир, во своето обраќање апелираше до сите стратешки партнери да се зајакне одбранбената поддршка и проширување на одбранбените коалиции за безбедноста.

Актуелниот премиер, Талат Џафери во својот говор го истакна постојаниот став дека нашата поддршка кон Украина и украинскиот народ ќе продолжи да биде во нашиот фокус.

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, меѓу другото во својот говор посочи дека поддршката за Украина не е трошок, туку инвестиција во иднината на една голема и храбра нација, но и инвестиција во нашата сопствена безбедност, стабилност и мир.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, им оддаде посебна почит кон храбрите украински војници кои војуваат на боиштата, но и на украинските цивили коишто на најдобар можен начин ги бранат своите домови и домовите на најблиските, и  порача дека Северна Македонија останува да ја поддржи Украина се додека е потребно.

Изразувајќи ја солидарноста со Украина, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска истакна дека се надева дека не е далеку денот кога ќе одбележиме крај на војната, и дека наскоро заедно со Украина ќе бидеме дел од европското семејство.

Јован Андоновски, заменик омбудсман на Република Северна Македонија во своето обраќање се потсети на своите посети на Украина, и ја изрази безрезервната поддршка за херојството на украинскиот народ.

Светла точка на сите овие трагични моменти што се случуваа во изминативе две години, а тоа е куражот на украинскиот народ, храброста на украинскиот народ да се борат за нивната слобода но и за нашата слобода, рече меѓу другото пратеничката Арта Билали Зендели.

СЕСИЈА 2 – Дипломатски претставници

Втората сесија на големата конференција „Украина- две години хероизам“ ја започна Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Тој во својот говор меѓу другото, ја повтори поддршката на Европската унија, и посочи дека ЕУ ќе продолжи да биде еден од најголемите пријатели на украинскиот народ.

„Западот не го сврте грбот, ние се обединивме и ги здруживме силите, а НАТО наместо да се распадне, порасна. Денеска, две долги години подоцна, украинските херои продолжуваат да се борат.“, посочи американската амбасадорка Анџела Агелер.

Од амбасадата на Обединетото кралство на Конференцијата се обрати вршителката на работите, Џулија Смит, која порача дека во време на таква опасност и неизвесност во светот, не можеме да се изолираме од овие кризи. Нашиот одговор треба да биде сила, издржливост и единство, порача Смит.

„Најостро ја осудуваме руската агресија врз Украина. Не може да се оправда ова бесрамно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН. Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ова не е само европско прашање, ниту само прашање помеѓу т.н. „Русија и Запад“. Секој насилен обид за еднострана промена на статус кво-то, не смее да се толерира никаде во светот“, порача меѓу другото Амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја.

„Чешката Република им се придружи на 14 други земји во потпишувањето на Договорот за формирање нова коалиција која ќе се фокусира на интегрираните воздушни и ракетни одбранбени способности. Оваа коалиција има за цел да ја зајакне и координира поддршката за зајакнување на воздушната одбрана на вооружените сили на Украина.“, изјави во своето обраќање амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва.

Она што овде сведочиме е она што Русија го направи бидејќи се обиде да го смени светскиот поредок и тоа беше еден предизвик кој што ги пречекори основините принципи на човештвото. Полска уште од првиот ден пружа воена и хуманитарна помош на Украина, изјави Пјотр Висоцки, првиот советник на амбасадорот на Полска.

 

„Поминаа две години од руската инвазија врз Украина. Оваа војна не е само напад врз една земја туку врз нашите заеднички вредности и европската безбедност,изјави во своето обраќање В.Д амбaсадорот на Германија на Германија во Република Северна Македонија, Ото Граф.

Литванија ја знае цената на слободата. Повеќе од 50 години советска окупација, масовните депортации од татковината, политичкото и религиозното угнетување, ограничувањата на човековите права не успеаја да ја задушат нашата желба за независност, слобода и правда, изјави литванската амбасадорка Вилма Дамбраускине во своето обраќање.

„Додека политиката и дипломатијата треба да истраат во завршување конфликтот засекогаш, што е можно поскоро, малите секојдневни активности исто така можат да направат разлика. Разговарајте со вашиот пријател, со вашиот сосед, со вашите роднини; помогнете некому да не ги заборави бројките на невини жртви, на повредени, раселени; купувајте од онлајн бизниси во Украина; помогнете во одржување на болница или сиропиталиште…“, порача во своето обраќање албанскиот амбасадор Фатос Река.

Шведска дава безрезервна поддршка на битката на Украина за враќање на мирот и демократските вредности како и нејзиното членство во Европската унија, истакна амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин во своето обраќање.

„Не смееме да дозволиме рускиот режим да победи во оваа војна, мораме да победиме поради самата Украина“, порача меѓу другото во својот говор францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер.

Ова е втора голема мултимедијална конференција, посветена на годишнината од почетокот на руската воена агресија во Украина, организирана и одржана од  ЦИВИЛ во соработка со Украинската амбасада.

Фото албум 

Подготви: Д. Тахири 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ