Талат Џафери, технички премиер на Република Северна Македонија, конференција „Украина: Две години хероизам“ ( 26 февруари, 2024 година).
Тешко наоѓа човек соодветни зборови за годишнина од тековна војна и човечко страдање. Војна која мислевме дека е завршена приказна на европско тло, но сепак поради храбриот украински народ имаме човечка обврска да разговараме, да ја изразиме гласно нашата поддршка, да пратиме обврска дека сме покрај нив, дека не сме ги заборавиле, дека се во нашите мисли. За да продолжат да бидат толку горди и да пружат отпор при чувањето на своето.
Северна Македонија цврсто стоеше покрај Украина и ќе продолжи да стои додека тоа е потребно. Но, ние како Северна Македонија и како народи кои живеат тука со векови точно знаеме што значи да се бориш за слобода. Точно знаеме што значи да си на правата страна на историјата, затоа се приклучивме кон санкциите и надворешната безбедносна политика на Европската Унија.
Нашата поддршка кон Украина и украинскиот народ ќе продолжи да биде во нашиот фокус.