Две години од целосна инвазија и агресија на Руската Федерација кон Украина кон мирољубив сосед. Две години смрт, деструкции и човечки страдања. Две години агресија во Европа во 21 век, но и две години обиди за руско минирање на демократиите и демократските процеси низ Европа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, на големата конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Османи потенцираше дека во овие две години тоа што е најважно е две години на херојство на украинскиот народ и раководството на Украина.
-Ова се две години на издржливост и отпорност и сакам во оваа прилика да оддадам посебна почит кон храбрите украински војници кои војуваат на боиштата, но и на украинските цивили коишто на најдобар можен начин ги бранат своите домови и домовите на најблиските. Сакам да оддадам почит и кон загинатите и нивните семејства.
-Северна Македонија останува да ја поддржи Украина се додека е потребно, изјави Османи.