• Latest

24 ЧАСА: Македонија тоне во корупција; Небезбедност – еден убиен, двајца повредени во Чаир; Трамп најави „пекол“ доколку Хамас не ги ослободи заложниците до сабота

February 11, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Македонија тоне во корупција; Небезбедност – еден убиен, двајца повредени во Чаир; Трамп најави „пекол“ доколку Хамас не ги ослободи заложниците до сабота

February 11, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пад од два поени, Северна Македонија од 76 на 88 место подолу во годинашниот Индекс за корупцијата

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Северна Македонија во однос на минатата година, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави.

Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Сиљановска-Давкова: Има исчекор и деблокада за евроинтеграцискиот процес

– Да, гледам деблокада. Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара. По моите сознанија, има исчекор. Јас и во Аушвиц се видов со претседателот на Бугарија. Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија. Она што е ново и инспиративно е дека групата за пријатели на Западен Балкан, што значи и наши пријатели, е активна. Јас знам дека има креативни предлози, во смисла дека би можело да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4. Знаете дека склучивме Договор за заедничката меѓунардона и безбедносна политика. Впрочем, иако не сме членка на ЕУ имаме целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика и мислам дека треба време, треба, она што е најважно – добра волја, треба манифестирање добрососедство. Во добрососедството не можам да препознаам механизми како ветото и сличните закани, рече Сиљановска-Давкова, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната објава на Еуроактив, дека Бугарија останува на ставот за промена на Уставот како дел од преговарачката рамка.

РЕГИОН

Студенти од Ниш тргнаа пеш кон Крагујевац каде ќе се сретнат со колеги од цела Србија

Околу 200 студенти од Ниш утрово пеш тргнаа кон Крагуевац, каде на Сретење ќе се сретнат со своите колеги од цела Србија, пренесуваат српските медиуми. Придружувани се од неколку студенти на Природно-математичкиот факултет во Крагуевац, кои дојдоа да дадат поддршка и со своите колеги да направат патување од околу 150 километри.

СВЕТ

Трамп му се закани на Хамас: Доколку не ги ослободи заложниците до сабота напладне, ќе се соочи со пекол

„Што се однесува до мене, ако сите заложници не бидат вратени до сабота во 12 часот – мислам дека е соодветно време – би рекол, откажете го и сите облози се прекинати и нека избие пеколот“, им рече претседателот на новинарите во Овалната соба по потпишувањето на извршните дејствија. Сите нив, не капка по капка, не два и еден и три и четири и два. Сабота во 12 часот, а потоа, би рекол, ќе избие целиот пекол“.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да се направи за ефикасна борба против корупцијата?

БЕЗБЕДНОСТ

Еден убиен, двајца ранети и четворица уапсени по синоќешната вооружена престрелка во Топанско Поле

Според информации на Министерството за внатрешни работи околу полноќ добиле пријава од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во македонскиот јазик кога ќе кажете – гајле ми е, или – не ми гајле, тоа е едно те исто. Има подеднакво значење. Кога премиерот Христијан Мицкоски ќе каже јасно и гласно дека не е многу  загрижен што светски компании најавуваат дека ќе си заминат од Македонија, или ќе отпуштат 500,  или повеќе илјади работници, можете спокојно да си ја накривите капата и да си немате грижа. Штом премиерот вели да немате гајле, треба да му се верува, сѐ што кажа и вети се остварува.

Сакаат да си одат? Нека си одат! Ќе дојдат други компании, вели спокојно премиерот, станува збор за големи  инвеститори кои уште за време на неговото владеење ќе ја направат Македонија најбогата на Балканот“, пишува Ерол Ризаов во колумната „За што е загрижен премиерот Мицкоски“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ