• Latest

24 ЧАСА: Меѓуетнички тензии во случајот Св. Петка; полицијата трага по „авторите“ на графитите со говор на омраза; обвинение против 45 лица за случајот Бањска во Косово

September 11, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Меѓуетнички тензии во случајот Св. Петка; полицијата трага по „авторите“ на графитите со говор на омраза; обвинение против 45 лица за случајот Бањска во Косово

September 11, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Кој ги разгорува меѓуетничките односи преку црквата Св. Петка во с. Галате?

Чистење, реновирање, рестарвирање или изградба на црква во село Галате, општина Врапчиште, запирање на активностите околу црквата со интервенција на полицијата, (иако воопшто не станува збор за изградба на црква), упад на граѓани во Општина Врапчиште, двајца приведени во Општината, па ослободени во полициска станица. Вака изгледаше вчерашниот ден околу случајот за црквата Св. Петка во с. Галате, која изгоре во пожар во 2001 година.

За обидот за создавање меѓуетнички и меѓурелигиски тензии околу случајот со црквата Св. Петка во госитварско политичките партии (власта и опозицијата) си ја префрлуваат топката. Од МВР упатија апел за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

МВР за ЦИВИЛ: Полицијата трага по тие што напишале „Мртов Ш****р, добар Ш****р“ во Кино Маџари

„Во врска со настанот на 16.08.2024 година во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“ има доставено писмена пријава дека е извршено оштетување на фасадата на објектот и дека се испишани графити со говор на омраза при што од страна на полициски службеници од СВР Скопје се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР за ЦИВИЛ.

РЕГИОН

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 45 лица за случајот Бањска

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинителен акт против 45 лица за терористичкиот напад во септември минатата година во Бањска во Звечан.

Терористичката група предводена од поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ, на 24 септември 2023 година ја нападна косовската полиција, при што го уби полицаецот Африм Буњаку.

СВЕТ

Претседателска дебата Харис-Трамп: Поглед кон иднината или враќање кон минатото

Долгоочекуваната дебата меѓу потпретседателката Камала Харис, кандидат на Демократите за претседателка на САД и Доналд Трамп помина во полза на Харис која ги потроши 90-те минути во максимални напори да го извади Трамп од кожа. И успеа во тоа.

Во завршните зборови Камала Харис повика на фокусирање кон иднината, а не враќање во минатото.

„Мислам дека видовте две различни визии за нашата земја. Едниот се фокусира на иднината, а другиот сака да не врати во минатото. Нема да се вратиме. Верувам дека Американците знаат дека има повеќе работи што не обединуваат отколку што не разделуваат. Мора да имаме план, да ги разбереме надежите, амбициите на луѓето. Затоа сакам да создадам економија на можности – инвестиции во мали бизниси, во нови семејства, во поддршка на старите лица, намалување на трошоците за живот“, рече Харис.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и зошто се потребни национални координатори?

СЛБОДНА ЗОНА

„Потребна ни е дополнителна поддршка за програмата „Grain from Ukraine“, обновување на производните капацитети на украинскиот земјоделски сектор. Потребна ни е поддршката од нашите партнери за да ја постигнеме безбедноста на трговските бродови и да ја заштитиме цивилната пристанишна инфраструктура на Украина, еден од клучните светски производители и добавувачи на храна, кој продолжува верно да ги исполнува своите обврски за време на бруталната руска војна“, пишува Н.Е. амбасадорката на Украина, Лариса Дир во „За прашањата за безбедноста на храната во светот за време на руската војна против Украина“

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: говор нао мразаДневникмеѓуетнички тензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ