• Latest

24 ЧАСА: Меѓународен ден на мирот – Русија да замине и да се соочи со одговорност за геноцидната војна во Украина; Гир е дециден – владеење на правото е услов за влез во ЕУ; Уставен нема да го оценува Преспанскиот договор

September 21, 2023
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Меѓународен ден на мирот – Русија да замине и да се соочи со одговорност за геноцидната војна во Украина; Гир е дециден – владеење на правото е услов за влез во ЕУ; Уставен нема да го оценува Преспанскиот договор

September 21, 2023 16:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

21 септември -Меѓународен ден на мирот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Темата за оваа година е Акции за мир: Нашата амбиција за #Глобални Цели. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече: „Денес е потребен мир повеќе од кога било. Војната и конфликтите ослободуваат пустош, сиромаштија и глад и истеруваат десетици милиони луѓе од нивните домови. Климатскиот хаос е насекаде. Па дури и мирот земјите се зафатени од нееднаквости и политичка поларизација“.

Мирот не се посакува, мирот е нешто што се создава. Мирот е љубов, љубовта е мир. Мирот е напотребен на децата. Мирот, слободата и еднаквоста се вредности кон кои стреми светот. Мирот е наша одговорност пред идните генерации и тоа е она што ќе не води кон посветла и поодржлива иднина. Бескомпромисно, директно и решително да се бориме против сите закани за мирот во светот, порача тимот на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на мирот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Зајакнувањето на владеењерто на правото е од суштествена важност земјата да напредува на својата патека кон членството во ЕУ. На таа патека нема кратенки, нема компромиси. Успешноста на овој проект нема да зависи од посветеноста на партнерите, иако таа е важна, нема да зависи од квалитетот на експертизата или дадените совети иако и тие се важни, туку ќе зависи од посветеноста на сите вклучени институции и на надлежните власти со решителни чекори да напредуваат во владеењето на правото. Тоа е важно не само за проектот туку, пред се, и над се , тоа е важно за граѓаните. Но исто така од суштествена важност е земјата да напредува на својата патека кон членството во ЕУ, на таа патека нема кратенки, нема компромиси, нагласи евроамбасадорот Дејвид Гир, по повод официјалното отпочнување на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, чија цел е зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украина и сите Украинци водат битка што не ја започнаа, ја бранат својата земја од војна што не ја сакаа и ги штитат своите деца од страдањето што никој не го заслужува и се обидуват да ги спасат од уште еден ужас на оваа војна – нивните присилни киднапирања од страна на Русија, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во обраќањето на седницата Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

*

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Кијив, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

*

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност и порача дека најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВОСУДСТВО Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите, познатa во јавноста како „Договорот од Преспа“ и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон.

ОДЛУКА Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска истакна дека Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување, според одлуката на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО.

ПРАВДА Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Лога порача дека без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:  Украинска новинарка побара признавање на косовската независност; САД нема да дозволат „Република Српска“ во Косово, Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на мирот: Мирот во светот ќе добие шанса кога Русија целосно ќе замине и ќе одговара за геноцидната војна против Украина

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да им се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот со повици за мир, но и за правда во светот. ЦИВИЛ повикува на целосно повлекување на руските воени сили, до последниот војник и платеник, а потоа и целосно ќе се соочи со меѓународната правда за деструкцијата, воените злосторства и геноцидот што го спроведува против Украина.  На Меѓународниот ден на мирот мора да се потсетиме колку лесно може да се наруши и распадне мирот во светот и да предизвика ужасни разурнувања и страдања. Руската агресија врз Украина ги дестабилизира светскиот мир и демократијата преку хибридните напади, уцената со енергенси и со храна, со жестоки пропагандни кампањи и дезинформации. Со тоа, Кремљ се обидува да ги скрие неизмерните насилства и очигледната намера за истребување на украинската нација, за што отворено и гласно говорат пропагандистите во руските државни медиуми.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дејвид ГирДневникМеѓународен ден на миротЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ