• Latest

Мишел: Депортацијата на деца од Украина е обид за културен геноцид

September 21, 2023

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Мишел: Депортацијата на деца од Украина е обид за културен геноцид

September 21, 2023 12:34
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Украина и сите Украинци водат битка што не ја започнаа, ја бранат својата земја од војна што не ја сакаа и ги штитат своите деца од страдањето што никој не го заслужува и се обидуват да ги спасат од уште еден ужас на оваа војна – нивните присилни киднапирања од страна на Русија, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во обраќањето на седницата Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

– Таканаречените „посвојувања“, во реалноста се депортации на деца. Ве прашувам сите вас, вклучително и руските претставници: дали можевте да прифатите да ви го украдат и депортираат детето? Вашето дете да биде принудено да го заборави вашето семејство, вашиот јазик, вашата земја? Таканаречено „превоспитување“, всушност, е обид за културен геноцид, додаде Мишел.

Според него, со тоа што ги бранат своите деца, Украинците го бранат она што е најскапоцено – нивните семејства, нивната иднина, нивната слобода.

– Затоа ние, Европската Унија, цврсто ја поддржуваме Украина за да се брани. Се додека се напаѓаат невините, ние ќе им помагаме да се одбранат. И ние ќе останеме покрај нив, онолку колку што треба, потенцира Мишел.

Претседателот на Европскиот совет додаде дека се поставува прашањето кој ќе биде следен по Украина за да се задоволи фантазијата на рускиот претседател Владимир Путин по минатото и сонот на Кремљ да ја врати старата Руска Империја.

– Украина е местото на злосторство. Насилникот седи токму во оваа просторија. Знаеш кој си. На ова место ја имаме и жртвата, нападнатиот. И ако Русија успее во Украина, кои други земји би биле во опасност да се соочат со истите постапки, запраша Мишел.

Тој додаде дека во истата просторија со насилникот и жртвата се и сведоците на ова злосторство.

– Сите ние, што седиме овде во овој Совет за безбедност, сме сведоците. Што направивме за ова злосторство? Што направивме за оваа агресија? Што направивме кога една од постојаните членки го напаѓа својот сосед? Што направивме, додека таа го користи своето право на вето против секој од нас и против основните принципи на Повелбата на ОН?, додаде Мишел.

Тој праша зарем целта на Советот за безбедност и на ОН не е да ги заштитат мирот и безбедноста за сите луѓе, без разлика на нивната земја или континент.

– Моќните и одговорни нации едноставно не можат да мижат пред овие злосторства, бидејќи сите ние ја споделуваме одговорноста. Одговорноста да се стави крај на војната и одговорноста да се работи за мир. Праведен мир согласно Повелбата на ОН и нејзините основни принципиза почитување на територијалниот интегритет на секоја суверена нација. Праведен мир кој нема да трае, ако злосторствата останат неказнети, рече Мишел.

Тој му се обрати на кинескиот претставник, нагласувајќи дека ЕУ ја поздравува постапката на Кина што побара од Русија да не користи нуклеарно оружје, но мора да продолжи понатаму.

– Ајде да ги здружиме силите за да ја убедиме Русија да стави крај на оваа криминална војна која повредува толку многу луѓе. Ајде да ги здружиме силите за да ја убедиме Русија да ги почитува принципите на Повелбата на ОН. Последиците од ова злосторство се прошируваат низ целиот свет, а најновите цинични акции на Кремљ само ги влошуваат работите. Со повлекување од Црноморската иницијатива за житото, на пример. Кога ќе стрелате проектили врз силоси за жито во Одеса, тие исто така ја погодуваат и Африка и ги убиваат најранливите, уништувајќи животи на милиони, нагласи Мишел.

Тој истакна дека пред очите на меѓународната јавност се одвива трагично злосторство, на кое сите се сведоци. – Мора да застанеме цврсто на страната на нападнатите, особено овде во Советот за безбедност. Затоа и се роди оваа тело и затоа сме денеска овде: да кажеме „не“ на агресијата. Да ги заштитиме мирот, безбедноста и соработката меѓу луѓето и меѓу сите наши народи, порача Мишел во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.

Tags: ЕУОНруска инвазија врз УкраинаУкраинаШарл Мишел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ