• Latest
Berlaymont building (European Commission)

24 ЧАСА: Мицкоски со „фантастичен документ“ за реформската агенда; Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал, смета Битиќи; Северна Макеоднија воздржана за прекин она огнот од Израел

September 19, 2024

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мицкоски со „фантастичен документ“ за реформската агенда; Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал, смета Битиќи; Северна Макеоднија воздржана за прекин она огнот од Израел

September 19, 2024 17:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Berlaymont building (European Commission)

Berlaymont building (European Commission)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мицкоски денеска во Брисел со „фантастичен документ“ за реформската агенда и во одбрана на националните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска престојува во работна посета на Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во објава на платформата Икс по средбата, Фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Битиќи за „Фронтлајн“: Со заемот од Унгарија се внесува корозивен капитал со потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија

„Државата се турка во ситуација кој е типична за градење на односи меѓу авторитарни држави, а тоа е инструментализирање на економски ресурси за остварување на надворешно политички цели. Проблемот е што овие цели, на кои се подредува нашата држава, отстапуваат од западните демократски вредности и принципи. Но, очигледно дека овие вредности ништо не значат за самата власт, самиот процес на задолжување го започна со погазување на нив, вон институционално, во четири очи, под превезот на тајност, договорија задолжување“, анализира Битиќи – пратеник од редовите на опозициската СДСМ и економски експерт.

РЕГИОН

Реакции од Бугарија: Од Кабинетот на Радев обвинувања за „провокации и навреди“ од Скопје, од бугарско МНР за неиспровоцирани неевропски реакции од Скопје, во кои Сoфија не сака да учествува

Кабинетот на бугарскиот претседател Руме Радев и Министерството за надворешни работи во Софија реагираа на, како се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од на функционери од Република Северна Македонија.

СВЕТ

Северна Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација

Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година. За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани. Северна Македонија гласаше воздржана. 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали државата е подготвена да се справи со евентуални поплави?

АНАЛИЗИ

„Откако не успеа „блицкриг“ стратегијата, путиновиот режим се сврте кон употреба на големите резерви од ракетно и артилериско оружје за да го промени текот на војната против Украина преку злосторничка, масовна и неселективна употреба“, ексклузивно од Олег Усатенко во анализата „Путиновата воена машинерија: Неуспешниот „блицкриг“ и злосторничката ракетна стратегија на теророт“.

Подготви: Б. Јордановска

„

Tags: БриселДневникунгарски заем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ