ВЕСТ НА ДЕНОТ
Нова продажба на одземен имот на Сашо Мијалков, во државниот буџет ќе се уплатат 2.059.000 евра
Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на конфискуван имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00 денари или 2.059.000 евра.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Пендаровски: Борбата против корупцијата најефикасно се води кога државата е фокусирана на европските интеграции
Суштината или резонот на интеграциите е да се издигне владеењето на правото како врвна вредност во општеството и државата. Борбата против корупцијата, не само во нашиот случај, најефикасно се води кога државата е фокусирана на европските интеграции. Затоа ниту геополитичкиот контекст, ниту економската или енергетска криза, ниту блокадите на интеграциите не смеат да нè дефокусираат од оваа цел“, вели Пендаровски во совето обраќање.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИСТРАГА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО МВР разгледува, анализира и обезбедува докази и информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, меѓу кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо…
ИЗБОРИ Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за утврдување листа на пријавени кандидати за избор на член на ДИК…
БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ТЕРОРИЗАМ Советот на ЕУ и Европскиот парламентот денеска постигнаа привремен договор за формирање нова Управа на Унијата за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот (АМЛА)…
БУГАРИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ ВО ЕУ Бугарија е држава од ЕУ со најмалку среќни или задоволни луѓе, се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат…
СКАНДАЛ ВО ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Екстремно десничарски пратеник во полскиот парламент синоќа ги изгасна свеќите на менората што беше запалена за еврејскиот празник Ханука, создавајќи нарушување и скандал додека новата про-ЕУ влада ја започнува својата работа.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Влегувањето во ЕУ ќе биде најголема победа за Украинците, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур…
Руски ракетен напад врз Кијив во раните утрински часови на 13 декември повреди најмалку 45 лица во областа Днипровски во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко преку неговиот официјален канал Телеграма. Осумнаесет лица…
САД воведоа нови санкции поради војната во Украина за стотици луѓе и компании, вклучително и во Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати, за да ја спречат Русија да ги избегне санкциите, а цел се…
КОНФЛИКТИ
Околу 10.000 новороденчиња и деца убиени во Газа, стотици се заробени под урнатините Децата од Газа се подложени на неселективни напади од страна на Израел во услови на геноцид кој трае веќе три последователни месеци…
Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја усвои необврзувачката резолуција за Блискиот Исток со која се бара хуманитарен прекин на огнот, заштита на цивилите, како и…
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
За дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, за Фејсбук страницата за поддршка за првоосумничениот Љупчо Палевски – Палчо, за говорот на омраза по предлогот Талат Џафери да биде првиот премиер Албанец во техничката влада, зборува Дехран Муратов.
Додека пак за реакциите на Западот за руската агресија во Украина, за застојот на помошта, (не)успехот на санкциите, решителноста да се запре Путин…, зборува Драган Мишев.
Панел дискусијата со заеднички наслов ОСЛОБОДИ ГО УМОТ, посветена на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани ја модерира Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.
Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол
Фотографија на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Тринаесет претседавачи на комисиите за надворешни работи низ Европа се обратиле до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и до емисарот на ЕУ дијалогот за Косово-Србија, Мирослав Лајчак, да ги отстрани сите негативни мерки кон Косово. Резултатите од тестот ПИСА, кои беа објавени минатата недела, покажаа дека образовниот систем во Косово е многу слаб во споредба со другите земји, а експерти од областа на образованието го анализираат исходот од тестот.
СТАВОВИ
На крајот, сè се сведе на тоа, дали Алабнците сакаат коалиција со Мицкоски, ако овој, нели, добие 61 „чист пратеник“. Таквата математика е еднаква на нула – Албанците влегуваат во коалиција со СДСМ на Ковачевски. Отворено, јасно и недвосмислено ни велат – „ние не сакаме влада со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“. Уште и премолчено им велат: ние не сакаме влада со криминална група која има за цел да ја затвори земјата и ги блокира Европските интеграции. Им велат, цело време им велат, ако овие вистински умеат да читаат. Им рекоа, отворено, јасно и недвосмислено: поддржете ги Уставните измени, ние ќе одиме во опозиција. Ниту тоа успеаја да го прочитаат. Мицковци никого не слушаат, ништо не читаат, и затоа не знаат кој пат да го фатат. Конфузни, дезориентирани, избезумени, секогаш спремни само за едно: омраза и насилство., пишува Ненад Јовановиќ во „Нема Европска влада без Албанци“.
Подготви: Д. Мишев