• Latest
Симболот V е насекаде во окупирана Украина за овие избори - вклучувајќи избирачки места и изборни летоци. Фото кредит: Херсонската изборна комисија контролирана од Русија

24 ЧАСА: Нема услови за фер и демократски изборен процес во Руската Федерација; притисоците врз судската власт мора да престанат; ќе може да се гласа со лични карти и пасоши со истечен рок од девет месеци

March 15, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Нема услови за фер и демократски изборен процес во Руската Федерација; притисоците врз судската власт мора да престанат; ќе може да се гласа со лични карти и пасоши со истечен рок од девет месеци

March 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Симболот V е насекаде во окупирана Украина за овие избори - вклучувајќи избирачки места и изборни летоци. Фото кредит: Херсонската изборна комисија контролирана од Русија

Симболот V е насекаде во окупирана Украина за овие избори - вклучувајќи избирачки места и изборни летоци. Фото кредит: Херсонската изборна комисија контролирана од Русија

Share on FacebookShare on Twitter

Таканаречените избори во Русија се нелегални и се одржуваат под брутална репресија

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг, оценува дека изборниот процес за „ре-избор“ на рускиот претседател претставува флагрантно кршење на сите демократски принципи и стандарди, се наведува во соопштение од ЦИВИЛ.

Нема услови за фер и демократски изборен процес во Руската Федерација. Таканаречените избори ќе бидат злоупотребени само за дополнително угнетување на населението во таа земја, веројатно најжестоко од распадот на Советскиот Сојуз наваму.

Политичкиот контекст во кој се одржуваат руските избори во 2024 година е диктаторски, во услови на целосна контрола и воена цензура во медиумите. Опозицијата во Русија е ефективно уништена, особено по убиството на главниот опозициски лидер Алексеј Навални на 16 февруари 2024.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Притисоци врз судската власт е нешто што мора да престане

Притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа, порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ГЛАСАЊЕ Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираа денеска од Државната изборна комисија.

ЕКСТРАДИЦИЈА Во изјава за медиуми по отворањето на денешната меѓународна конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мисла и слободата на јавно изразување на мислата“ министерот Лога информираше дека според зборовите на неговиот колега, министерот за правда од Турција, очекува дека екстрадицијата би била за брзо време.

ИЗБОРИ Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со 14.03.2024, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. 7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

ЕКОНОМИЈА Листата на производи која произлегува од Законот за нефер трговски практики е веќе подготвена, има над 2.500 земјоделски и прехранбени производи и е доставена до стопанските комори.

ЗДРАВСТВО Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна, можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Во рускиот ракетен терор денеска во Одеса. Засега се знае дека загинале 16 лица, меѓу кои и вработен во Државната служба за итни случаи. Спасувачите пристигнале да им помогнат на настраданите кога Русите го повториле нападот. Повредени се 73 лица со различен степен на сериозност
  • Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето.
  • Во Русија, ноќта кон петокот, на 15 март, три беспилотни летала погодија нафтена рафинерија во регионот Калуга, при што беше предизвикан пожар. Според Телеграм каналот ASTRA, оштетена е опремата на компанијата.
  • Според извештајот на украинското разузнавање, руските војници можат да гласаат на тековните избори без притоа да го покажат своето лице на избирачките места, каде што е доволна „фотокопија од документите“, што значи дека и загинатите сè уште имаат право на глас.

КОНФЛИКТИ

  • Израелскиот премиер Нетанјаху ги одобри плановите за воена операција во Рафа, а Армијата оперативно се подготвува за тоа и за евакуација на жителите, се вели во соопштението кое се пренесува од Агенцијата Анадолу без да се наведат дополнителни детали.
  • Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници.
  • Израелската војска уби 20 Палестинци и рани најмалку 155 во вооружен напад врз луѓе што чекаа хуманитарна помош на Кувајтската крстосница во Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенцијата Анадолу.

ИНТЕРВЈУ

Јадровски: Се очекува зголемување на вознемирувачкиот говор на изборите, ДИК е утврдениот дискриминатор во остварување на гласачките права на лицата со попреченост

Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, претседателот на КСЗД, Игор Јадровски, потенцираше дека целта им е да бидат присутни и видливи во мониторингот на медиумите и на соицјалните мрежи, каде се очекува најмногу да има вознемирувачки говор, со цел навремено да се санкционираат таквите наративи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ – Центар за слобода во понеделник, 18 март, со почеток во 11 часот, ќе организира прес-конференција на која ќе ги презентира своите наоди и оценки произлезени од опсежниот мониторинг на изборниот процес во Северна Македонија. Прес-конференцијата ќе се одржи во прес-центарот на организацијата лоциран на третиот кат во Бизнис центарот Палома Бјанка (линк до локација).

„За време на прес-конференцијата, нашите претставници ќе се осврнат на неколку клучни прашања. Ќе презентираме длабинска проценка на неодамнешните измени на Изборниот законик и нивното влијание врз севкупниот квалитет на изборниот процес. Понатаму, ќе презентираме сеопфатен извештај за дезинформации и пропагандни наративи, заедно со анализа на употребата на говор на омраза во јавните комуникации“, најавуваат од ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Руската инвазија врз Украина потврди дека слободата и либералните вредности имаат видливи и невидливи непријатели. Признати во Концептот на бистратешка команда на НАТО од 2010 година, хибридните закани се дефинирани како „оние што ги поставуваат непријателите, со способност истовремено да користат адаптивни конвенционални и неконвенционални средства во остварувањето на своите цели“., пишува авторката Весна Попоска во анализата „(Зло)употреба на медиумскиот простор како бојно поле на вистината“.

„Трамп подготви театарска претстава како да се работи за средба на двајца државници, а Орбан на социјалните мрежи „пригодно“ и не помалку театрално одговори со зборовите „врати се и донеси ни мир, Претседателе!“ Јасно е за каков „мир“ зборува. Но сигурно е дека демократијата нема да се повлече, ниту ќе потклекне, како што рече американскиот претседател.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Трамп-Орбановиот театар и грмотевицата на Бајден“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ