• Latest
Photo by Max LaRochelle on Unsplash

Трамп-Орбановиот театар и грмотевицата на Бајден

March 15, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Трамп-Орбановиот театар и грмотевицата на Бајден

March 15, 2024 09:36
in ES-PRESS-O, КОНТЕКСТ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Max LaRochelle on Unsplash

Photo by Max LaRochelle on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Американско-унгарските односи драматично се заладија. Тие се, според оценката на Лавдеј Морис, уредничка на берлинското дописничко биро на Вашингтон Пост, на најниско ниво од крајот на Студената војна наваму.

Заладувањето на односите стана очигледно по жестокиот говор на амбасадорот на САД во Унгарија, Дејвид Пресман во Универзитетот на Централна Европа, на 14 март, по повод 25-годишнината од унгарското членство во НАТО.

Пресман отворено го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека дејствува за да ја „поткопа довербата“. Пресман, за владата на Орбан рече дека „ова не е влада што реагира на дијалог, на демарши и понуди да работиме заедно за конструктивно решавање на проблемите.“

Изјавата на Пресман доаѓа неколку дена по изјавата на американскиот претседател, Џо Бајден, кој, во говор во Филаделфија, (видео) на 8 март, отворено изјави дека Орбан „бара диктатура.“ Унгарските власти длабоко се навредија, го повикаа амбасадорот Пресман во нивното МНР, но не понудија вистински одговор, ниту дека овие квалификации не се точни, а уште помалку дека нешто ќе променат.

Поранешниот претседател Трамп, кој е фасциниран од авторитарните лидери низ светот, му беше домаќин на Орбан, истиот ден, 7 март, кога претседателот Бајден одржа говор за состојбата на државата (State of the Union). Орбан говореше во фондацијата Херитиџ, блиска до Трамп, но не се сретна со актуелниот лидер на државата во која е гостин, што е преседан.

Преку националистички популизам, евроскептицизам, медиумски манипулации и изборни кражби, Орбан постепено ја заробува државата откако дојде на власт во 2010 година, за сега Унгарија да биде целосно под неговата авторитарна власт. Како и Путин, Трамп го воспева и „лидерството“ на Орбан.

Под превезот на заложбите за „поддршка на семејствата“, борбата против „нелегалната миграција“ и „заштитата“ на сувереноста на нацијата, двајцата политичари, Трамп и Орбан, како и нивниот гуру од Кремљ, се долгогодишна закана за демократијата и човековите права и слободи.

Орбан е на иста линија со Путин во поглед на бруталната руска инвазија против Украина. Според неговото сведоштво во интервју за ТВ М1 што е под негова контрола, тој рече дека Трамп „нема да даде ни едно пени за Украинско-Руската војна.“ Но тоа е веќе познато. Трамп неодамна дека „Путин може да прави што сака во Украина.“

Трамп подготви театарска претстава како да се работи за средба на двајца државници, а Орбан на социјалните мрежи „пригодно“ и не помалку театрално одговори со зборовите „врати се и донеси ни мир, Претседателе!“ Јасно е за каков „мир“ зборува. Но сигурно е дека демократијата нема да се повлече, ниту ќе потклекне, како што рече американскиот претседател.

Одговорот на претседателот Бајден беше жесток. Тој, во неговиот говор за состојбата на нацијата (видео), рече дека „ние нема да се повлечеме, нема да потклекнеме“ (видео). Овие зборови одекнаа како грмотевица низ целата планета.

Се разбира, ова не е само надворешнополитички коментар. Доволно е да се сетите на однесувањето на одредени ликови од македонскиот политички théâtre de l’absurde и ќе ви стане јасно зошто.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦИВИЛ
Tags: БајденНАТООрбанСАДТрампУнгарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ