ВЕСТ НА ДЕНОТ
Обезбедувачот на премиерот Мицкоски осомничен за „оддавање службена тајна“ за 50.000 евра
Обвинителство отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ. Праша дали ако го нема него или ССМ ќе се живее среќно и весело. – Не, рече, тој и повика функционерите да ги симнат розовите наочари со кои гледаат во нивните скапи и луксузни кабинети, истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12:05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.
РЕГИОН
Зелениот картон во Албанија чинеше 40 евра за две недели, додека со направената промена ќе важи цела година, јавуваат албанските медиуми.
СВЕТ
Телата на десетина исчезнати хуманитарни работници пронајдени во „масовна гробница“ во Газа, една недела по израелските напади
ГОВОР НА ОМРАЗА
ГОВОР НА ОМРАЗА на спортските натпревари: „Мртов шиптар, добар шиптар“; „УЧК“, свирежи и неоддавање почит за загинатите во Кочани
СЛОБОДНА ЗОНА
Ако системот сам се ревитализира и ако станува резистентен на лековите кои му ги препишувавме до сега, изгледа дека дојде време за потполна нова терапија ако не и потполно нов систем. Нов закон за политичко здружување и политички партии за почеток како локална анестезија, да се трпи болката додека заздравува организмот. Па нов изборен закон каде изборот ќе биде кај граѓаните а не кај лидерите и нивните листи. Па нов закон за потеклото на имотот. Белки ќе дојдат доволно доблесни личности кои институциите ќе ги оспособат да ги применуваат и сите други закони. Работата е сериозна и она што навистина недостасува е време за бесконечни дебати. Не сме во позиција да се шегуваме како ни е потребна нова држава зошто оваа ја потрошивме. Во турболентната состојба во која е светот околу нас имаме добри шанси да го загубиме и ова што досега не успеавме да го упропастиме“, пишува Војо Маневски во колумната „Собирањето на народот – народно собрание ли е?“.
Д. Муратов