Во пресрет на новогодишните празници, ЦИВИЛ повика на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните – БЕЗБЕДНОСТ пред сѐ – петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.
Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:
– да се оддалечат од местото на славеничко пукање
– да не допираат оружје или експлозиви и
– да пријават незаконска употреба на оружјето.
Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните, дури и на најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали може да им се случи да погрешат, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.
Неодамна МВР започна со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Од МВР, за ЦИВИЛ Медиа велат дека „Во периодот од 01 јануари, заклучно со 30 ноември 2024 година евидентирани се 25 кривични пријави со кои се откриени 25 кривични дела од овој домен, при што во рамки на истите запленети се вкупно 52.806 парчиња петарди, 116 огномети и 166 пиротехнички ракети.
Покрај ова, во текот на декември годинава пронајдени и одземени се 137.095 петарди, 293 огномети и 167 ракети, за што дополнително ќе бидат преземени мерки“
РЕГИОН
Словенија забрани величење на четниците и усташите
Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот.
-Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија.
Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили.
СВЕТ
Рускиот ракетен терор продолжува и на Божик: Масивен напад на енергетската инфраструктура на Украина
Додека милиони Украинци го слават Божиќ, Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на земјата. Зеленски нападите ги нарече „нехумани“, додавајќи дека Русија направила „свесен избор“ да изврши напади на Божиќ.
Руските проектили повторно ја таргетираат критичната енергетска инфраструктура низ Украина, изјави министерот за енергетика Герман Галушченко.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
Денешното прашање на денот е: Дали децата се безбедни за време на новогодишните празници?
ДЕМОКРАТИЈА
Сашо Орданоски: Ни треба системско решение за борба против дезинформациите наместо да влегуваме во „зајачка дупка“
Сашо Орданоски на панелот „Демократија под опсада“, конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024 година Скопје.
Кристијане Ајлдерс: Без интеграција, нема стабилна основа на демократски општества
Проф. д-р Кристијане Ајлдерс на панелот „Демократијата под опсада‘ на конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024, Скопје.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Северна Македонија остана во друштво со Русија, Белорусија, Србија, Црна Гора, Република Српска, Грузија кои го слават Божик на 7 јануари според соларниот календар што го воведе Јулиј Цезар во 46 п.н.е.
Затоа, кога следниот пат ќе решите да го честитате Божик на 25 декември, најкоректно е честитките да бидат упатени кон верниците кои празнуваат според Грегоријанскиот календар. За да нема повредени национално-верски чувства, па некој да се сети да ги (зло)употреби за некои идни блокади“, пишува Драган Мишев во колумната „Божик на 25 декември не е само на католиците, го слават и протестантите и дел од православните верници“.
Подготви: Д. Тахири