• Latest
Навални

24 ЧАСА: Погребан рускиот опозиционер Навални, илјадници граѓани се простија со извици „Навални“ и „Путин е убиец“; Пендаровски ја најави својата граѓанска кандидатура; ОЈО поднесе обвинение против Мерко

March 1, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Погребан рускиот опозиционер Навални, илјадници граѓани се простија со извици „Навални“ и „Путин е убиец“; Пендаровски ја најави својата граѓанска кандидатура; ОЈО поднесе обвинение против Мерко

March 1, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Навални
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

На московските гробишта Борисов денеска е закопан рускиот опозиционер Алексеј Навални. Неговиот погреб наиде на повеќе потешкотии. Тимот на Навлани првично планираше јавно збогување и погреб за починатиот руски опозициски лидер за четврток, но им беше кажано дека „нема достапни работници на гробиштата кои можат да ископаат гроб“, рече Иван Жданов, директорот на Антикорупциската фондација на Навални.

Според групата за набљудување на човековите права ОВД-Инфо, повеќе од 400 луѓе беа приведени на импровизираните споменици за Навални низ 32 руски градови.

Руските органи на редот приведоа неколку ожалостени неколку часа пред почетокот на погребот. Притворите предизвикаа обновени стравувања, изразени оваа недела од страна на вдовицата на Навални, Јулија, дека властите би можеле да ги спречат оние кои сакаат да му оддадат последна почит на лидерот на опозицијата..

Сепак, повеќе од илјада луѓе се собраа пред црквата во Москва, каде штосе одржа погребот на Навални, за да се простат од него. Луѓето извикуваа „Навални ти благодариме“, а се слушаше и „Путин е убиец“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма. Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК. Веројатно за првпат во македонската историја, ќе имаме најголема бројка на кандидати во првиот круг од претседателските избори и тука се можни преклопувања на партиските електорати. Можеме да имаме дури седум кандидати во првиот круг“, рече шефот на државата, Стево Пендаровски за неговите очекувања од претседателската трка.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министерството за надворешни работи на Украина ги сумираше резултатите од воената дипломатија во 2022-2023 година, клучните резултати од дипломатските напори и настаните на дипломатскиот пат на Украина од почетокот на инвазијата од големи размери.

*

Рускиот претседател Владимир Путин во својот годишен говор за состојбата на нацијата во четвртокот (повторно) се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку западните сојузници ѝ помогнат на Украина. Но, официјални лица во НАТО сметаат дека нуклеарната закана на рускиот претседател Владимир Путин во моментов е само „психолошко заплашување“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБВИНЕНИЕ ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во врска со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, соопштија од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинари.

ОДЛУКА Со осум гласа „за“, ниту еден против и воздржан, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја донесе Предлог-одлуката за определување на коефициентите за утврдување на платата на претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.

ОМБУДСМАН Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин. Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“.

КОНФЛИКТИ

Министерството за надворешни работи (МНР) најостро го осуди нападот во Газа, во кој загинаа голем број луѓе додека чекаа околу камионите за хуманитарна храна.

„Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цен“а, стои во соопштението од МНР.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Градоначалникот на Карпош и кандидат за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, во поткаст на Инфомакс (на 22.02.2024) изнесе лага дека лидерот на „Партија за Општествен и Економски Напредок – ПОЕН“, Рубин Земон, му дал поддршка за неговата кандидатура. Земон во изјава за ЦИВИЛ Медиа демантира дека му дал поддршка на Јакимовски“, се вели во извештајот на ЦИВИЛ мониторинг тимот.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Стравувањеата дека доколку не се запре Путин во обидите успешно да ја спроведе неговата агресија врз Украина, само ќе ги зголеми апетитите на рускиот диктатор да тргне со агресија и врз други европски држави во неговото соседство, се чини дека веќе се остваруваат. Високи европски политичари и функционери, како началникот на Генералштабот на белгиската армија, Мишел Хофман, изразија загриженост по ова прашање и упатија предупредување дека по Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани“, пишува Дрган Мишев во „Започнува ли Путин нова „специјална операција“ – одметнатиот регион во Молдавија бара „заштита“ од Русија“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Алексеј НавалниДневник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ