• Latest

24 ЧАСА: Потпишан Указот за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Ова е враќање на МВРО ВМРО вели Петровска за ЦИВИЛ Медиа; Движењето на Радев против европските амбиции на Македонија

March 5, 2024

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Потпишан Указот за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Ова е враќање на МВРО ВМРО вели Петровска за ЦИВИЛ Медиа; Движењето на Радев против европските амбиции на Македонија

March 5, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Законот јасно е дефинирано што претставува државна кампања од јавен интерес, на државно или на локално ниво…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска за ЦИВИЛ Медиа: Ова е враќање на МВРО ВМРО, очекуваме разрешување на сценаристот и јавно извинување од министерот за внатрешни

Ваквата постапка, па дури и како дел од сценарио за вежба претставува свесно понижување на специјалната антитерористичка единица Тигар, гордост на МВР и дел од најелитните безбедносни сили на нашата држава. Ова е резултат на поставување партиски кадри или временото враќање на МВРО ВМРО. Очекуваме разрешување на сценаристот и јавно извинување од министерот за внатрешни, кој немо го следеше ова понижување, вели Петровска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕПИДЕМИЈА ПЕРТУЗИС Во Македонија вкупно денес имаме 123 заболени лица со пертузис, од кои 109 лица се во град Скопје. Оправданоста на епидемијата која е прогласена во Скопје доби потврда…

ПОЛИТИКА Коалицијата „Вреди“ оценува дека со оставање на пет јавни универзитети вон колективниот договор, и како резултат на истото без зголемување на платите за 22 проценти, со образложение дека, освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ другите немале комплетна документација…

ЗАКОН ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ Во овој момент ќе повикам на пратениците да го изгласаат законот за нефер трговски практики, затоа што сметам дека само на тој начин институционално ќе го решиме проблемот со евентуално зголемување на цени кои не се пазарни…

СУПЕР ВТОРНИК Денеска во САД е „супер вторник“ ден кога избори за претседателски кандидат од Републиканската и Демократската партија има во 15 држави. Следниот вторник избори се одржуваат и во уште четири држави.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Францускиот претседател Емануел Макрон пред денешната посета на Прага апелираше дека на Европа и е потребно стратешко будење бидејќи „Русија игра со времето“ и рече дека ништо не е исклучено…

  • Се зголемува руската флота на дното на Црното море, Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ХУР) го потврди уништувањето на патролниот брод Сергеј Котов на руската Црноморска флота

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Емисарот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак денеска  престојува во Косово, на средба со вицепремиерот Бесник Бислими, со кого ќе разговараат за продолжување со спроведувањето на Основниот договор, известуваат албанските медиуми.

Денеска се навршуваат 26 години од Епопејата на ОВК по кој овој повод, Собранието ќе одржи свечена седница, известија косовските медиуми.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Вистината е бесплатна – скапо ја плаќаме лагата

Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Новаци, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница и во 15 локации во Скопје (Аеродром, Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Стара скопска чаршија, Шуто Оризари, Влае, Капиштец…), се општините каде што ЦИВИЛ-ите во изминатиот месец (февруари) спроведоа граѓанска едукација за борба против дезинформациите.

Тимовите на ЦИВИЛ без разлика на временските услови се сретна со илјадници граѓанки и граѓани при што им делеа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани која може да им биде одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.

ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Смит: Путин не победува, две години во војна за која погрешно мислел дека ќе трае со денови

Оваа неиспровоцирана и неоправдана агресија нанесе огромен данок врз народот на Украина кој ги крши меѓународното право и човековите права со овој варварски напад врз суверена демократска држава, изјави вршителката на работите воамбасадата на Обединетото Кралство, Џулија Смит во своето обраќање на големата мултимедијална конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода по повод две години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина.

Казуја: Кршењето на меѓународните правила во Украина не смее да се толерира никаде во светот

Пред две години, Русија ја започна својата брутална агресија против Украина. И јас силно ја осудувам Русија за продолжување на агресијата и непријателствата. Сакам да изразам солидарност и најдлабоко сочувство со украинските пријатели и колеги, присетувајќи се на моите лични искуства во Украина, особено во почетната фаза на агресијата, кога деноноќно ја слушав сирената за воздушни напади и ја поддржував евакуацијата на јапонски граѓани во соседните земји, сред услови на паника.“, порача јапонскиот амбасадор Н.Е. Оцука Казуја на конференцијата „Украина – две години хероизам“.

АНАЛИЗИ

Од последното лето наваму, преку есента, а еве и на стартот на новата година, кога се одржуваат избори ширум планетата, во Бугарија се најави основање на едно општонародно движење, кое, не е секако надвор од одредени политички амбиции во оваа земја. Но, заради тоа што тамошните политички актери несомнено се преку споени садови поврзани со некои македонски проблеми во однос на добивањето доволна политичка поддршка за продолжување на нашите преговори со ЕУ, ова не е небитно прашање.

Без оглед што спуштањето на завеса на сцената на меѓудржавните односи со Бугарија личеше на создавање на простор за паралелни политички процеси и можеби со обид, кај нас, за замена на релацијата Скопје-Софија, со Скопје-Брисел, не смееме целосно да се затвориме кон сцената од која кон нас доаѓале најголеми проблеми, пишува Љубомир Костовски во анализата „Ги загрозува ли движењето „3 март“ на Радев европските амбиции на Македонија?“

 

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиграѓанска акцијаизјави
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ